Во случајот со пожарот во дискотеката во Кочани, во кој животите ги загубија 59 лица, а 200 беа повредени, 27-те осомничени се товарат за „Тешки дела против општата безбедност“.
Во последните 10 години скопскиот Кривичен суд, кој е најголемиот суд во државата, донел пресуди за вкупно 105 лица, против кои се воделе судски процеси, исто така, за кривично дело „Тешки дела против општата безбедност“.
Иако ниеден став од член 292 од Кривичниот закон не предвидува условна затворска казна за „Тешки дела против општата безбедност“, судиите во периодот 2015-2025 година го осудувале секое второ лице на условна затворска казна!
Од обвинителството најавуваат дека обвинетите за кочанската трагедија ќе бидат осудени на затворска казна до 20 години.
Но, досегашната практика покажува дека судиите се воздржувале додека одлучувале при одлучувањето за висината на казната за ова кривично дело, иако случајот со трагедијата во Кочани не може да се споредува со ниеден друг случај.
Ова го објави ТВ Алсат во анализата со наслов „За кривичното дело ‘Тешки дела против општата безбедност’ доминираат условните казни“.
Натаму во споменатата анализа се истакнува:
Само 22 лица се осудени на затворски казни, од вкупно 105 пресуди, а само двајца од нив добиле казна затвор од 5 години, што е највисоката казна изречена во изминатите десет години, во Кривичниот суд Скопје за „Тешки дела против општата безбедност“.
Едно лице е осудено на 4 години затвор, додека други четворица добиле казна по 3 години затвор.
Пет лица се осудени на 2 години затвор, а 8 други се осудени на 1 година затвор.
Меѓу нив е и едно лице, кое во случај од 2020 година е осудено на само 9 месеци затвор.
Иако ниеден став од член 292 од Кривичниот закон не предвидува условна затворска казна за „Тешки дела против општата безбедност“, судиите во периодот 2015-2025 година го осудувале секое второ лице на условна затворска казна!
Вкупно 48 лица се осудени на условни затворски казни од 1 до 5 години.
Во 3 други случаи изречени се условни затворски казни, но со заштитен надзор.
Во член 292 не е предвидено обвинетите да бидат казнети парично, но според податоците од Кривичниот суд во овој временски период имало вкупно 17 вакви случаи.
Табеларните податоци не ја објаснуваат вредноста на сумата, за која осудените биле задолжени да ја платат.
Податоците покажуваат дека за 5 лица судската постапка е прекината, за 3 лица се отфрлени пријавите, а 3 други се ослободени од обвиненијата. За 1 лице обвинителот побарал отфрлање на обвиненијата, а на 3 лица им е одредена психијатриска терапија.
Дека судиите се покажаа како попустливи во изрекувањето на казните за кривичното дело „Тешки дела против безбедноста“, за кое се товарат осомничените за трагедијата во Кочани, покажува и случајот со опожарувањето на Модуларната болница во Тетово на 8 септември 2021 година, во која загинаа 14 пациенти додека се лекувале. Поранешните директори во тетовската болница Флорин Бесими и Артан Етеми по две години судење беа осудени на условни затворски казни од една и пол година. Потоа Апелацискиот суд ја укина пресудата и го врати предметот на повторно судење: на 18 март годинава одржа судско рочиште, на кое обвинетите повторно ја негираа вината.
И покрај тоа што податоците покажуваат дека политиката на казнување на сторителите на тешки кривични дела против безбедноста била попустлива, главниот обвинител Љупчо Коцевски најави дека осомничените во случајот со дискотеката во Кочани може да бидат осудени на 20 години затвор. Тоа не се случило во последната деценија.
„Во овој првичен момент одговорноста на сите вмешани во настаните и на оние, кај кои ќе биде констатирана, ќе се оценува низ призмата на кривичното дело ‘Тешки дела против општата сигурност’, согласно со член 292 од Кривичниот законик, кој предвидува затворска казна од најмалку 3 години, без ограничување на највисоката казна. Тоа значи дека казната може да се движи до 20 години затвор.“ – изјави главниот обвинител Љупчо Коцевски.
Извор: Алсат
Во случајот со пожарот во дискотеката во Кочани, во кој животите ги загубија 59 лица, а 200 беа повредени, 27-те осомничени се товарат за „Тешки дела против општата безбедност“.
Во последните 10 години скопскиот Кривичен суд, кој е најголемиот суд во државата, донел пресуди за вкупно 105 лица, против кои се воделе судски процеси, исто така, за кривично дело „Тешки дела против општата безбедност“.
Иако ниеден став од член 292 од Кривичниот закон не предвидува условна затворска казна за „Тешки дела против општата безбедност“, судиите во периодот 2015-2025 година го осудувале секое второ лице на условна затворска казна!
Иако ниеден став од член 292 од Кривичниот закон не предвидува условна затворска казна за „Тешки дела против општата безбедност“, судиите во периодот 2015-2025 година го осудувале секое второ лице на условна затворска казна!
Иако ниеден став од член 292 од Кривичниот закон не предвидува условна затворска казна за „Тешки дела против општата безбедност“, судиите во периодот 2015-2025 година го осудувале секое второ лице на условна затворска казна!
Од обвинителството најавуваат дека обвинетите за кочанската трагедија ќе бидат осудени на затворска казна до 20 години.
Но, досегашната практика покажува дека судиите се воздржувале додека одлучувале при одлучувањето за висината на казната за ова кривично дело, иако случајот со трагедијата во Кочани не може да се споредува со ниеден друг случај.
Ова го објави
ТВ Алсат во анализата со наслов „За кривичното дело ‘Тешки дела против општата безбедност’ доминираат условните казни“.
Натаму во споменатата анализа се истакнува:
Само 22 лица се осудени на затворски казни, од вкупно 105 пресуди, а само двајца од нив добиле казна затвор од 5 години, што е највисоката казна изречена во изминатите десет години, во Кривичниот суд Скопје за „Тешки дела против општата безбедност“.
Едно лице е осудено на 4 години затвор, додека други четворица добиле казна по 3 години затвор.
Пет лица се осудени на 2 години затвор, а 8 други се осудени на 1 година затвор.
Меѓу нив е и едно лице, кое во случај од 2020 година е осудено на само 9 месеци затвор.
Иако ниеден став од член 292 од Кривичниот закон не предвидува условна затворска казна за „Тешки дела против општата безбедност“, судиите во периодот 2015-2025 година го осудувале секое второ лице на условна затворска казна!
Вкупно 48 лица се осудени на условни затворски казни од 1 до 5 години.
Во 3 други случаи изречени се условни затворски казни, но со заштитен надзор.
Во член 292 не е предвидено обвинетите да бидат казнети парично, но според податоците од Кривичниот суд во овој временски период имало вкупно 17 вакви случаи.
Табеларните податоци не ја објаснуваат вредноста на сумата, за која осудените биле задолжени да ја платат.
Податоците покажуваат дека за 5 лица судската постапка е прекината, за 3 лица се отфрлени пријавите, а 3 други се ослободени од обвиненијата. За 1 лице обвинителот побарал отфрлање на обвиненијата, а на 3 лица им е одредена психијатриска терапија.
Дека судиите се покажаа како попустливи во изрекувањето на казните за кривичното дело „Тешки дела против безбедноста“, за кое се товарат осомничените за трагедијата во Кочани, покажува и случајот со опожарувањето на Модуларната болница во Тетово на 8 септември 2021 година, во која загинаа 14 пациенти додека се лекувале. Поранешните директори во тетовската болница Флорин Бесими и Артан Етеми по две години судење беа осудени на условни затворски казни од една и пол година. Потоа Апелацискиот суд ја укина пресудата и го врати предметот на повторно судење: на 18 март годинава одржа судско рочиште, на кое обвинетите повторно ја негираа вината.
И покрај тоа што податоците покажуваат дека политиката на казнување на сторителите на тешки кривични дела против безбедноста била попустлива, главниот обвинител Љупчо Коцевски најави дека осомничените во случајот со дискотеката во Кочани може да бидат осудени на 20 години затвор. Тоа не се случило во последната деценија.
„Во овој првичен момент одговорноста на сите вмешани во настаните и на оние, кај кои ќе биде констатирана, ќе се оценува низ призмата на кривичното дело ‘Тешки дела против општата сигурност’, согласно со член 292 од Кривичниот законик, кој предвидува затворска казна од најмалку 3 години, без ограничување на највисоката казна. Тоа значи дека казната може да се движи до 20 години затвор.“ – изјави главниот обвинител Љупчо Коцевски.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата