logo
logo
logo

„ИМАА 20 ГОДИНИ ДА ГИ РЕШАТ ПРОБЛЕМИТЕ“ - Димитриевски : СДСМ и ДУИ ја делеа државата, а денес глумат дека ги решаваат проблемите

Vecer | 11.08.2026

„ИМАА 20 ГОДИНИ ДА ГИ РЕШАТ ПРОБЛЕМИТЕ“ - Димитриевски : СДСМ и ДУИ ја делеа државата, а денес глумат дека ги решаваат проблемите

СДСМ и ДУИ 20 години ја делеа државата, а денес се најгласни во критиките – обвини претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски. Тој вели дека политичките структури кои со години биле дел од власта имале доволно време и можност да ги решаваат проблемите со кои денес се занимаваат. Во гостувањето во „Вести плус“ на Канал 5, Димитриевски посочи дека државата предолго ги трпела последиците од недоволната комуникација меѓу власта и опозицијата, особено во моменти кога биле потребни државнички одлуки. Според него, партиските интереси често биле ставани пред државните, а денешните критичари мора да се соочат со своите одлуки и политичкото наследство.

„Јас и луѓето заедно со мене во мојот тим, со СДСМ расчистивме многу одамна, уште кога сметавме дека државата ја водат во многу лоша насока“, порача Димитриевски.

Тој се осврна и на актуелните случувања во СДСМ, посочувајќи дека дел од луѓето кои денес ја критикуваат партијата претходно биле дел од нејзиното раководење и системот на управување.

„Едниот беше еден од главните политички гуруа на Димитар Ковачевски. Другите беа членови по управни одбори и така натаму, тогаш молчеа, кога Максим зборуваше“, изјави Димитриевски.

Во однос на ДУИ, лидерот на ЗНАМ оцени дека политичката ситуација денес е поинаква, бидејќи партијата е во опозиција, со што, според него, е намален просторот за политички условувања и уцени кои постоеле во минатото.

Од ЗНАМ велат дека СДСМ и ДУИ треба да се соочат со сопственото политичко наследство, наместо повторно да ја префрлаат одговорноста за состојбите во државата.

„Времето на политичари кои бараат алиби за своите неуспеси завршува. Секој во Македонија ќе мора да стои зад своите одлуки, своите резултати и своето политичко наследство. Историјата не се пишува со прес-конференции и партиски соопштенија, таа се пишува со дела“, порачуваат од ЗНАМ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk