„Гробиштата се полни од бугарското пријателство“ - Битолско Кравари со пораки до Петков (ФОТО)

Vecer | 16.04.2022

„Гробиштата се полни од бугарското пријателство“ - Битолско Кравари со пораки до Петков (ФОТО)
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Денеска во Битола бугарскиот премиер Кирил Петков ќе отвори клуб кој ќе работи во состав на културниот центар „Иван Михаилов“.

Бугарскиот премиер придружуван од потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова, министерката за надворешни работи Теодора Генчовска и поранешната шефица на дипломатијата Екатерина Захариева, ќе промовираат владини проекти на таа држава на кои ќе им претходи средба на Петков премиер со бугарски здруженија на граѓани во земјава.

По низата неправди кои Бугарија изминатиов период ги нанесе на Македонија, вклучувајќи го и ветото за почеток на преговорите, на граѓаните оваа посета не им се допаѓа.

Затоа, во село Кравари жителите истакнаа пораки по повод денешната посета на Петков.

„Гоце е Македонија“, „Крвави ви се рацете“, „Кога ќе признаете дека има Македонци во Бугарија?“, „Гробиштата се полни од бугарското пријателство“… се само дел од пораките.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk