logo
logo
logo

Забегано

Госпоѓа Амбасадорка

Vecer | 12.02.2022

Госпоѓа Амбасадорка

Дипломат и неговиот партнер (сопруг/сопруга) доколку го придружува партнерот-дипломат, не смее да коментира внатрешна политика на земјата која ја преставува, посебно кога е на мандат.

Не смее да коментира ниту надворешна политика и да се меша во внатрешните работи на други земји.

Како што амбасадорот е на дипломатска листа и ги ужива сите права и привилегии, но и обврски, истото се однесува и за партнерот/партнерката на дипломатскиот преставник.

Ова е наведено во Законот за надворешни работи, етичкиот кодекс за државни службеници, а дипломатот (и неговиот партнер кој го придружува), мора исклучиво да се води по Виенските конвенции кога е на мандат.

Тоа е наведено во законските норми, но за жал, сведоци сме се почесто, дека одредени дипломатски преставници на земјава, ги кршат сите правни и етички норми.

Дипломат од МНР е и Сашко Тодоровски, кој е именуван за амбасадор во Прага, должноста ја превзеде на крајот на март 2021.

 

 

Неговата сопруга, Мирјана Најчевска, која е со него во Прага, секој ден објавува статуси на социјалните мрежи, кои во најмала рака се скандалозни.

Мирјана Најчевска, која како сопруга на амбасадорот добива 20% од платата и придружба, со сите права и привилегии – ги користи за осрамотување на сопствената земја, институциите, нивните преставници и сите кои живеат во Македонија.

Ја коментира внатрешната политика, надворешната политика, се меша во внатрешните работи на други земји, а за актуелни државни и партиски функционери употребува говор на омраза, омаловажување, квалификации, навреди, клевети.

 

  • Сопругата на амбасадорот во Чешка, Мирјана Најчевска, за премиерот Ковачевски, пишува дека е будала, а социјалдемократите дека треба кривично да одговараат. 

  • Сопругата на амбасадорот во Чешка, за уставните судии вели дека се кецароши поставени по партиска линија
  • За сопругата на амбасадорот во Чешка, македонскиот народ е болен - има синдром на поробеност 

  • За жената на амбасадорот во Чешка, Европа е срамота 

  • За жената на амбасадорот во Чешка, нејзината матична земја која и дала привилегија да живее во Прага и ја плаќа за тоа, е корумпирана земја 

  • За жената на амбасадорот во Чешка, професорите на УКИМ каде што беше сенатор, се – шутраци 

  • За сопругата на амбасадорот во Чешка, ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ се криминалци 

  • За сопругата на амбасадорот во Чешка, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски е ноќен кошма 

  • За сопругата на амбасадорот во Чешка, лидерот на Левица, Димитар Апасиев е ждркле 

  • За сопругата на амбасадорот во Чешка, Македонија е загадена земја, во која нема правда, сигурност за граѓаните и владее корупција 

  • За сопругата на македонскиот амбасадор во Чешка, македонските новинари се срамота и глупави 

  • За сопругата на амбасадорот во Чешка, сите градоначалници треба да одговараат

 

Да одиме по ред, само за оваа 2022 година, ако тргнеме уште во минатото, ќе отвориме многу работа за повеќе надлежни.

Сопругата на амбасадорот во Чешка, Мирјана Најчевска, за премиерот Ковачевски, пишува дека е будала, а социјалдемократите дека треба кривично да одговараат.

 

 

За сопругата на амбасадорот во Чешка, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски е ноќен кошмар

 

 

 

Сопругата на амбасадорот во Чешка, за уставните судии вели дека се кецароши поставени по партиска линија

 

 

За сопругата на амбасадорот во Чешка, македонскиот народ е болен - има синдром на поробеност

 

 

 

За жената на амбасадорот во Чешка, Европа е срамота, а се меша и во внатрешните работи на Бугарија. Дури и на министерката Генчовска и се обраќа со – таа.

 

 

 

 

 

За жената на амбасадорот во Чешка, нејзината матична земја која и дала привилегија да живее во Прага и ја плаќа за тоа, е корумпирана земја.

 

 

За жената на амбасадорот во Чешка, професорите на УКИМ каде што беше сенатор, се – шутраци.

 

 

За сопругата на амбасадорот во Чешка, лидерот на Левица, Димитар Апасиев е ждркле

 

 

Вицепремиерот од редовите на ДУИ Артан Груби е експерт за демолирање

 

 

За сопругата на амбасадорот во Чешка, ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ се криминалци

 

 

 

За сопругата на амбасадорот во Чешка, Македонија е загадена земја, во која нема правда, сигурност за граѓаните и владее корупција

 

 

За сопругата на македонскиот амбасадор во Чешка, македонските новинари се срамота и глупави

 

 

 

За сопругата на амбасадорот во Чешка, сите градоначалници треба да одговараат

 

 

Сопругата на амбасадорот во Чешка е Мирјана Најчевска, која како сопруга на амбасадорот добива 20% од платата и придружба, со сите права и привилегии. Но, тоа создава и обврска, за која Најчевска, ниту има поима, а очигледно ниту сакала да научи.

 

За неа, леснотијата на живеење подразбира само црнила и плукање.

Странските дипломати ја бележат секоја активност, секој кажан збор на нивните колеги за темите за кои зборуваат.

Оттука, лесно можеме да заклучиме каква перцепција имаат изградено за капацитетот на македонската дипломатска мисија и за Македонија како држава.

И после зошто не сме во ЕУ?

Фото: принтскрин ФБ Мирјана Најчевска

П.С. Предлог книга за оваа седмица – Госпоѓа министерка од Бранислав Нушиќ

 

 

 

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk