Иако зимата уште не сака да си замине, барем според температурите, законските правила налагаат дека денеска, како и на секој друг 15 април, завршува грејната сезона.
Но, скопјани не треба да стравуваат, бидејќи од утре па се до крајот на месецов ќе трае преодниот период, во кој сепак, доколку тоа го налагаат надворешните температури, ќе има топли радијатори.
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад (РКЕ) ја информира јавноста дека согласно Правилата за снабдување со топлинска енергија и Тарифниот систем за продажба на топлинска енергија грејната сезона завршува на 15 април 2025 годинаи стартува т.н преоден период, кој трае до 30 април.
„Од утре па се до крајот на април, доколку прогнозираната средна надворешна температура за следниот ден е еднаква или помала од 12ºС, снабдувачот е должен во грејните простории во времето од 06:00 до 22:00 часот во текот на денот да обезбеди температура на греење од 20+1º C“, се вели во соопштението од Фегулаторната комисија за енергетика.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата