logo
logo
logo

ФРОНТОТ ПРЕД РАСПАД: Села го повика Груби да се повлече од политиката и да се соочи со обвиненијата!

Vecer | 09.12.2024

ФРОНТОТ ПРЕД РАСПАД: Села го повика Груби да се повлече од политиката и да се соочи со обвиненијата!

Зијадин Села се огласи на Фејсбук профилот на својата партија по повод најновата црна листа на Америка, "поздравувајќи ја одлуката на САД."

"Алијансата за Албанците во континуитет е еден од политичките актери кои јавно ги осудуваа врските на судството со политиката и олигархијата, затоа и денеска ја поздравуваме неодамнешната одлука на САД, најважниот стратешки партнер на РСМ и албанскиот народ.

Борбата против корупцијата означува важен чекор во градењето на владеењето на правото и нашата иднина. Ги повикуваме апострофираните да се повлечат од институционалниот и политичкиот живот, да се соочат со обвиненијата како слободни граѓани.

Индивидуалната одговорност е камен-темелник на една модерна, непристрасна и демократска држава," напиша Села.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk