logo
logo
logo

ФИЛИПЧЕ КОНТРА МАКЕДОНЦИТЕ, додека 82% се против уставни измени, тој во Брисел ги ветува по цена на политичка кариера

Vecer | 08.04.2025

ФИЛИПЧЕ КОНТРА МАКЕДОНЦИТЕ, додека 82% се против уставни измени, тој во Брисел ги ветува по цена на политичка кариера

Додека Македонците се противат на уставните измени, а владата бара гаранции дека Бугарија нема повеќе да ја уценува Македонија со историски и национални тмеи, туку предуслов за членство ќе бидат Копенхагешките критериуми, лидерот на СДСМ, Венко Филипче, во стилот на Зоран Заев во Брисел ветува уставни измени, дури и по секоја цена.

Последната анкета покажа дека Македонците се против уставните измени, што значи Филипче оди против сопствениот народ.

Последната анкета на „Детектор“ во покажа дека 82% од Македонците не сакаат уставни измени. На сите им е јасно дека Бугарија нема намера да запре со уцените и утре ќе побара нешто друго, бидејќи тоа што бугарските полтитичари во повеќе наврати го кажале, тие бараат Македонија да ја прифати нивната теза дека македонскиот народ и јазик постојат од 1945 година, а претходно се било бугарско.

Тоа за сите е неприфатливо освен за СДСМ и Венко Филипче.

Граѓаните со огромно мнозинство се против уставни измени за внесување на Бугарите во Уставот покажа анкетата од емисијата „Детектор“ која јасно укажа декадури 82 отсто од Македонците се против внес на Бугарите во Уставот. Ваквата анкета била спроведена од Институтот за политички истражувања на репрезентативен примерок. Кај Македонците:

82% одговориле НЕ. 12,9% одговориле ДА.

Вкупно, кај сите граѓани на Република Македонија заедно, дури 64% се против оваа понижувачка авантура.

Според Филипче, пак Владата немала ниту идеја ниту волја да направи конкретен исчекор од ќорсокакот кој ни го наметна токму владата на СДСМ и ДУИ со прифаќањето со субмисивниот Француски/Бугарски предлог..

„За жал, сега не можеме да се пофалиме со ништо, заглавени сме во државата. Оваа влада нема ниту идеја, ниту желба да направи чекор напред во евроинтеграциите. Јасно е што треба да се направи, меѓународните договори мора да се почитуваат, но веќе никој не верува на слатките зборови на владините претставници. На сите им е јасно дека Северна Македонија не може да оди напред со оваа Влада, нема желба.” изјави Венко во Брисел, еден ден откако се самопобеди на избори каде беше единствен кандидат за истото..

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk