logo
logo
logo

ВМРО-ДПМНЕ

„Филипче е пиунот на Заев, ЗАЕДНО ПРОФИТИРАА ОД КОВИД КРИЗАТА ДОДЕКА ЛУЃЕ УМИРАА“

Vecer | 11.04.2025

„Филипче е пиунот на Заев, ЗАЕДНО ПРОФИТИРАА ОД КОВИД КРИЗАТА ДОДЕКА ЛУЃЕ УМИРАА“

Филипче под покровителство на Заев, сакаше да стори криминал на грбот на граѓаните, со фирмата Стабри. Филипче кој е синоним за криминал и корупција, сакаше да се офајди преку набавка на вакцини за КОВИД, чиј тендер, граѓаните ќе ги чинеше 6 милиони долари поскапо, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Кога сите држави плаќаа до 30 долари за вакцина, нашиот тогашен министер за здравство Филипче, со фантом фирмата Стабри сакаше да наплати по 62 долари за вакцина.

Фирмата Стабри инаку, била регистрирана за тргување на јужни овошја. Истата фирма била формирана само 3 месеци откако СДС доаѓа на власт.

Филипче треба да одговори, дали 6 милиони долари сакал да ги подели со Заев и дали фирмата Стабри има поврзаност со СДС?

Доказ за тоа дека на Филипче здравството и не му беше голем приоритет е тоа дека бил спремен да наплати големи провизии на грбот на граѓаните, за да му удоволи на неговиот ментор Заев.

Филипче ја сака власта за да договара тендери во четири очи. ВМРО-ДПМНЕ нема да го дозволи тоа, стои во соопштението.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk