logo
logo
logo

ТРИ ПОЧИНАТИ МАЖИ ЗА САМО ЕДЕН ДЕН се пронајдени во Скопје и околината

Vecer | 07.06.2026

ТРИ ПОЧИНАТИ МАЖИ ЗА САМО ЕДЕН ДЕН се пронајдени во Скопје и околината

Веста дека во Скопје, во еден ден, се пронајдени три тела на починати мажи ја вознемири јавноста. Обвинителството се уште нема известие за причините на смрт но, првите познати деталис е овие:

Тела на тројца мажи биле пронајдени во текот на вчерашниот ден во Скопје и околината.

Прво, во 08.40 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Кучково,скопско под патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки бил пронајден починат Ц.Р.(67) од с.Волково,скопско.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Извршен е увид, а по насоки од јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција, соопшти МВР.

Попладнето, пак, во СВР Скопје е пријавено дека во соба во хотел на подрачјето на Бит Пазар бил пронајден починат С.Е.(63) од Р.Турција со престој во државата.

Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство. Извршен е увид, а по насоки од јавен обвинител телото на починатиот е предадено во судска медицина за обдукција, соопшти МВР.

Вечерта во 20:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во домот на подрачјето на Центар бил пронајден починат Б.О.(69).

Како што соопштува МВР, од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство. Извршен е увид, а по насоки од јавен обвинител телото на починатиот е предадено во судска медицина за обдукција.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk