logo
logo
logo

ДВАЈЦА УАПСЕНИ ПОРАДИ ОРГАНИЗИРАЊЕ БОРБИ СО КУЧИЊА од Гостиварско

Vecer | 29.07.2026

ДВАЈЦА УАПСЕНИ ПОРАДИ ОРГАНИЗИРАЊЕ БОРБИ СО КУЧИЊА од Гостиварско

Лишени од слобода се две лица од Гостиварско поради организирање борби на кучиња, соопшти полицијата.

На 29.07.2026 во 01:30 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишија од слобода Г.Ј.(44) од село Топлица и А.А.(46) од селото Чегране поради основано сомневање дека сториле кривично дело „мачење животни“.

Претходниот ден околу 23:45 часот на влез во селото Топлица, полициски службеници од Полициското одделение Галате затекнале група граѓани и кучиња со видливи повреди и крварења од борба.

Според пријавеното, лицата претходно се договориле да ги организираат борбите со кучињата. Извршен бил увид на местото, при што едно повредено куче било пронајдено во патничко возило „фиат“.

Лицата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk