logo
logo
logo

ТАТКО НАСИЛНИК ГО ТУРНАЛ СИНОТ (19) ПО СКАЛИ, момчето се здобило со тешки повреди

Vecer | 07.08.2026

ТАТКО НАСИЛНИК ГО ТУРНАЛ СИНОТ (19) ПО СКАЛИ, момчето се здобило со тешки повреди

Полициски службеници од СВР Струмица вчера попладне лишија од слобода 51-годишен жител на струмичко село, постапувајќи по претходна пријава дека на 01.08.2026 на тераса од семејниот дом физички го нападнал неговиот 19-годишен син и го турнал по скали, кој притоа се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица, информира МВР.

Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.

По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk