logo
logo
logo

ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ? Мицкоски со порака до СДСМ, ДУИ и Левица

Vecer | 05.10.2026

ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ? Мицкоски со порака до СДСМ, ДУИ и Левица

Владата има добиено доверба од граѓаните за мандат од четири години и има планови и динамика за реализација на ветувањата - изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на прашањето дали ќе има предвремени парламентарни избори.

- Оваа Влада ја добила довербата од граѓаните за мандат од четири години. Имаме такви планови и таква динамика на реализирање на ветувањата. Работиме на објекти што биле закочени со децении, кои биле закочени одреден период. Оваа Влада со посветена работа ги одглавува, ги откочува и ги испорачува на граѓаните. И тоа е наш приоритет, како да испорачаме што е можно повеќе за да имаме подобри услови за живеење. Тоа е суштината на функционирањето на оваа Влада - рече Мицкоски.

Премиерот нагласи дека Владата останува посветена на оваа динамика на работа додавајќи дека опозицијата во Собранието има можност да поднесе иницијатива за предвремени парламентарни избори.

- Така што, еве, ние остануваме посветени на тоа, а здружената опозиција: Левица, Демократската унија за интеграција и СДСМ во Парламентот може да се соберат, да поднесат иницијатива за предвремени парламентарни избори. Доколку здружената опозиција СДСМ, Левица и ДУИ поднесат, тогаш ние како Влада ќе дадеме соодветен одговор - изјави Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk