-Секој има право да си се допишува и да праќа писма, но моите чувства се сè посилни – рече премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање за став на информацијата дека лидерот на СДСМ, Венко Филипче, испратил писма до сите официјални институции во ЕУ, но и до сите амбасадори во земјата, по изјавата на премиерот дека има чувство оти можеби ќе има прогон на поранешни функциониери од сегашната опозиција.
СДСМ претходно денеска соопшти дека Филипче упатил официјални писма до Европската Унија, Европската комисија, Европскиот парламент, известувачот за Македонија, како и до амбасадорите на земјите членки на ЕУ за „сериозното нарушување на демократскиот и уставниот поредок, поделбата на власта и владеењето на правото во Македонија“.
Овој акт во јавноста се протолкува како јасна превентива на Бихаќка за прогонот за тежок криминал и високата корупција која владееше во периодот од 2017-та до 2024-та додека СДСМ беа нав власт со ДУИ, матен период кој досега беше успешно „сокриен“ во фиоките на Јовески и Коцевски. Граѓаните се свесни дека стравот на Филипче и заев доаѓа од вистината која ќе поризлезе од дтоичните фиоки.
Изјавата дека премиерот има чувство дека набргу високи функционери од претходната влада на СДСМ, поранешни премиери, претседатели на влада, нивни блиски од семејството итн. ќе бидат опфатени со одредени прогони, според СДСМ е изјава за наводен политички реваншизам и претставува директна закана за демократскиот плурализам. Сите очекуваа дека Бихаќка ќе го користи овој еврин и демагошки наратив во одбрана на криминалците од сопствените редови, особено врхушката која одамна ја киднапираше партијата.
Во изјава пред два дена Мицкоски истакна дека очекува опозицијата да биде критичка и во своите редови и доколку поранешни високи функционери од претходната влада на СДСМ бидат опфатени во одредени прогони, да излезат на прес-конференции и да ги повикаат на одговорност.
– Очекувам истата оваа опозиција да се однесува вака критички како што сега се однесува кога имам чувство дека набргу високи функционери од претходната влада на СДСМ, поранешни премиери, претседатели на влада, нивни блиски од семејството и така натаму, ќе бидат опфатени со одредени прогони. Имам чувство, не велам дека имам информација, имам чувство. Очекувам дека и тогаш кога тоа ќе се случи, исто така ќе имаат вакви прес-конференции и тогаш нема да велат дека тоа е политички прогон, туку ќе ги повикат да одговараат пред органите, односно да ја докажуваат својата невиност – изјави тогаш Мицкоски.
Ако се носат мерки ќе бидат за одредени сезонски производи, имаме можност ДДВ да се намали од 5 проценти на 0
Премиерот Христијан Мицкоски во однос на можноста за реакција од Владата по анализата на цените на прехранбените производи што ја подготви Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) и поскапувањата по конфликтот на Блискиот исток, изјави дека такви мерки може да има за одредени сезонски производи и оти ќе се реагира во зависност од движењето на нивните цени.
Во одговор на новинарско прашање Мицкоски денеска рече дека има можност да се намали ДДВ од 5 на 0 проценти затоа што, рече, „маржата што ја имаат и дистрибутерите и продавачите според нас е под 15 проценти, а според нив е под 10 проценти“.
Откако вчера беше продолжена кризната состојба поради снабдувањето со нафтените деривати до 20 јули, во зависност од движењата на берзанските цени на нафтата за првата половина од месецов Владата денеска ќе и препорача на Регулаторната комисија за енергетика како да реагира кај акцизата за бензините и дизелот.
– Извештајот (на ДПИ) е анализиран и мерките кои евентуално би се презеле се мерки кои би се аплицирале за одредени сезонски производи. Анализата опфаќа следење на моменталната цена на тие производи, како што се доматите, краставиците, итн,…кои пак за една недела двојно ја намалија својата цена. Многу внимателно ја следиме состојбата за тие производи и во зависност од тоа како ќе се движат така и ќе реагираме. Имаме на располагање можност ДДВ да го намалиме од 5 проценти на 0, затоа што маржата којашто ја имаат и дистрибутерите и продавачите според нас е под 15 проценти, а според нив е под 10 проценти – изјави Мицкоски.
Според него, многу била важна средбата на почетокот на кризата со сите ланци на маркети кога Владата ги предупреди да не се однесуваат шпекулативно и како што рече, досега имаме фер плеј, не се однесуваат шпекулативно, односно не ги зголемуваат маржите туку напротив ги намалуваат бидејќи им се зголемува волуменот.
– Од тој аспект ја следиме многу внимателно состојбата и единствената алатка којашто ја имаме е ДДВ од 5 проценти на 0 – изјави Мицкоски, по присуство на поставување камен темелник за доградба на ООУ„Страшо Пинџур“ во Ѓорче Петров.
Тој потсети дека кризната состојба за снабдувањето со нафтените деривати е продолжена до 20 јули соопшти дека денеска на седница на Владата ќе треба да се даде препорака до Регулаторната комисија за енергетика акцизите за дизелот и бензините.
– Ако цената е меѓу 800 и 1.000 долари по тон тогаш намалувањето на акцизата по литар е денар, ако е од 1.000 до 1.200 долари е 2 денара, а ако е над 1.200 долари по тон тогаш е 4 денари и мора да се движиме во рамките на тој закон. Бидејќи поминуваат првите 15 дена од април денеска ги чекаме пресметките како се движела цената на Плац Италија и врз основа на тоа така ќе и препорачеме на РКЕ како да се однесува кон акцизите – рече Мицкоски.
Очекува голем дел од европските земји да интервенираат кај ДДВ, затоа што, посочи, голем дел од зголемените цени се и увозни.
– Државава се справува убедливо најдобро во регионот па и поширко. Кога ние го намаливме ДДВ имаше и такви кои не критикуваа а и претседателката на Европската Комисија им препорачува на сите влади во рамки на Европската Унија да интервенираат кај ДДВ, тоа го направи Шпанија, делумно Италија, делумно Германија, така што очекувам голем дел од европските земји тоа да го сторат. Нам тоа ни е важно затоа што голем дел од зголемените цени се и увозни, ако таму поевтинат ќе поевтинат и тука – истакна Мицкоски.
Повтори дека државава нема какви било предизвици во ланецот на снабдување со нафта и нафтени деривати и оти имаме најевтини горива во регионот, потенцирајќи дека со керозин кај нас се снабдуваат неколку аеродроми од регионот покрај набавката на горива што ја прават граѓаните од соседните држави кај нас на бензинските станици на пограничните места.
– Доколку се случи таков предизвик тогаш навремено ќе се „препакуваме“ и ќе подготвиме нова стратегија, изјави премиерот Мицкоски.
Сите оние кои се против законот за високо образование, всушност се плашат од новите критериуми за избор во звање
Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на Законот за високо образование и кои се очекувањата во однос на Законот, изјави:
„Да. Најпрвин дозволете ми да изразам свое задоволство од настанот којшто го имавме вчера во Владата. Го организираше Министерството за образование и наука. И видовте и самите медиуми, како беа присутни ректорите на државните универзитети. И сите буквално дадоа поддршка на Законот. Тоа е прво.
Второ. Сите оние политички шпекуланти коишто јавно кажуваа дека се против законот, наводно на тој начин се нарушувала автономијата, импровизираат и манипулираат. Зошто, впрочем ги видоа вчера ректорите на државните универзитети како го поддржуваат. Тие во суштина се плашат од новите критериуми за избор во звање.
До сега, работевме по Законот од 2018 година. И нашиот најстар, најреномиран, еве би рекол Универзитет, во моментот „Свети Кирил и Методиј“, на Шангајската листа падна 1000 места. Уствари, не знам и дали воопшто е рангиран. А едно време беше рангиран.
Е сега, тие сакаат да работат еден ден во неделата. Сакаат плата 120-150.000 денари, а не сакаат еден труд да напишат годишно, што им е работа, еден труд. Не сакаат еден труд да напишат. Тоа е исто како, како јас сега како претседател на Владата да доаѓам на работа пола ден во неделата и да барам да имам десет пати повисоки примања и да не одговарам за ништо во државата. Тоа не иде така.
Оваа Влада ги покачи платите како резултат на Колективниот договор, двојно кај универзитетските работници. И знам дека ќе има и такви коишто ќе излезат и сега ќе ме критикуваат, иако сум јас редовен професор. И ќе кажуваат како тоа било вака, па ќе бараат точка и запирка во мојата изјава, но суштината е таа. Не сакаат да работат. Сакаат да имаат 6 часа неделно, да ги затворат во еден ден. Сакаат 120-130-150.000 денари плата и ни еден труд да не пишуваат. Ни еден научен труд да не напишат. Е тоа не може повеќе да биде.
Тоа повеќе не може да биде, затоа што работата на професорите и асистентите во високо образовните институции е составена од три столба. Апликативна работа, образовна, нели да предаваат, апликативна да соработуваат проекти со стопанство и така натаму. И научна, да пишуваат трудови. Тоа е она коешто го бараме. Еве, на одредени факултети им пречеше „Web of Science“, добро ја проширивме базата, еве и „Scopus“ ќе биде. Без пари, оваа Влада им овозможи да пристапат на базите на списанија коишто се во рамките на „Web of Science“ и „Scopus“, е па не знам што повеќе да направиме. Мора да работат, ако сакаат и ако сакаат да имаме иднина како држава, мора да се зафатат со работа.“
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата