logo
logo
logo

ОПАСНО СЦЕНАРИО на ДУИ за ДЕСТАБИЛИЗАЦИЈА на МАКЕДОНИЈА, реагираат од Демократскиот Сојуз

Vecer | 19.05.2026

ОПАСНО СЦЕНАРИО на ДУИ за ДЕСТАБИЛИЗАЦИЈА на МАКЕДОНИЈА, реагираат од Демократскиот Сојуз

Демократски сојуз (ДС) најостро ги осудува вчерашните протести и обидите за политичка злоупотреба на прашањето за употребата на албанскиот јазик во правосудниот систем.

Особено загрижува фактот што на протестите беа присутни и граѓани од соседните држави Косово и Албанија, што претставува недозволив обид за надворешно влијание врз внатрешните политички и институционални прашања на Република Македонија.

„Очигледно е дека зад овие активности стои политичката агенда на ДУИ, која по губењето на власта се обидува преку националистичка реторика, етнички тензии и вештачки кризи да предизвика дестабилизација на државата и да обезбеди политички поени“, велат од партијата.

Демократски сојуз смета дека правото на употреба на албанскиот јазик мора да биде гарантирано и почитувано согласно Уставот, Охридскиот рамковен договор и законите, но истовремено мора да се зачува единствениот, функционален и ефикасен правосуден систем кој функционира на македонски јазик како службен јазик на државата.

„Недозволиво е правосудството да стане поле за политички и етнички конфронтации или за создавање паралелни системи кои би ја нарушиле правната сигурност и единството на институциите“, додаваат од ДС.

„Ја повикуваме Владата да не подлегнува на притисоци, уцени и радикални барања, туку преку дијалог и стручна дебата да изнајде европско и одржливо решение кое ќе обезбеди:

– целосно почитување на јазичните права на сите заедници;

– задолжително познавање на македонскиот јазик за носителите на правосудни функции;

– зачувување на единствениот правосуден систем и унитарниот карактер на државата.

Република Македонија има потреба од стабилност, владеење на правото и меѓуетничка доверба, а не од политички сценарија базирани на поделби и конфликти“, стои во реакцијата од ДС.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk