logo
logo
logo

Утрово АКТИВНИ СЕ ПЕТ ПОЖАРИ во неколку општини

Vecer | 06.09.2026

Утрово АКТИВНИ СЕ ПЕТ ПОЖАРИ во неколку општини

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека утрово активни се шест пожари во земјава, пет се ставени под контрола, а 19 се изгаснати во изминатото деноноќие.

Активни се пожарите во с. Грачани и с. Никиштани, а пожарот е активен и на територијата на Република Косово, каде гори шума. На територија на Општина Македонски Брод активен е пожарот во с. Белица, месност Кајорец, кон с. Брезница кај репетиторот, каде гори нискостеблеста и мешана шума. Во Општина Чучер-Сандево поточно во с. Брест, месност Рамно гори мешана шума. Во околината на кичевските села Кнежино и Добреноец гори нискостеблеста шума, а ниска вегетација гори во местото викано Дарда во околината на село Тајмиште. Активен е и пожарот во Општина Ново Село во с. Стиниќ каде гори мешана шума и ниска вегетација.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk