logo
logo
logo

Од утре ПОЕВТИНУВА ДИЗЕЛОТ, објавен новиот ценовник

Vecer | 27.04.2026

Од утре ПОЕВТИНУВА ДИЗЕЛОТ, објавен новиот ценовник

Малопродажната цена на дизелот од ноќеска на полноќ се намалува за 2,50 денари за литар, а на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се зголемуваат за 2,00 денари за литар. Малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство на се намалува за 1,00 денар за литар - соопшти РКЕ.

Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се зголемува за 0,368 ден./кг и сега ќе изнесува 46,656 денари за килограм.

- Од 28 април од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат за моторен бензин „евросупер БС-95“ - 82,50 денари за литар, моторен бензин „евросупер БС-98“ - 84,50 денари за литар, дизелот ќе се продава за 91,50 денар за литар, а екстра-лесното масло за горење за 96,00 денари за лита - велат од РКЕ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk