logo
logo
logo

ЦЕНИТЕ НА ДИЗЕЛОТ И БЕНЗИНОТ ВО МАКЕДОНИЈА СЕ НАЈНИСКИ ВО РЕГИОНОТ, нема прекини во снабдувањето на гориво

Vecer | 10.03.2026

ЦЕНИТЕ НА ДИЗЕЛОТ И БЕНЗИНОТ ВО МАКЕДОНИЈА СЕ НАЈНИСКИ ВО РЕГИОНОТ, нема прекини во снабдувањето на гориво

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во изградбата на пречистителната станица во населеното место Кучевишка Бара, во Општина Чучер Сандево.

Вкупната вредност на проектот изнесува 129.717.440 денари. По увидот, премиерот даде изјава за медиумите и одговараше на новинарски прашања, меѓу кои и за актуелните движења на цените на нафтата.

„Факт е дека како држава имаме убедливо најниска цена на нафтата во регионот. Тоа од една страна е позитивно, но од друга страна, во дел од пограничните општини се создава притисок врз бензинските пумпи поради доаѓањето на граѓани од соседните земји кои точат дизел гориво кај нас. Поради зголемената побарувачка, на одредени бензински пумпи привремено може да се појави недостиг, но тој брзо се надоместува“, изјави Мицкоски.

Тој нагласи дека Државниот пазарен инспекторат континуирано е на терен и дека нема прекини во снабдувањето.

„По последното нивелирање на цените од страна на Регулаторната комисија за енергетика, дизелот кај нас изнесува 1,39 евра по литар. Во соседна Албанија цената е околу 1,8 евра, односно за приближно 30 проценти повисока. Во Србија дизелот е околу 1,73 евра, што е за околу 25 проценти поскапо од цената во Македонија. Во Косово цената варира, но достигнува до 1,52 евра по литар, што е околу 10 проценти повеќе“, посочи премиерот.

Според него, Македонија во моментов има најниска цена на дизел горивото во регионот, а слична состојба е и кај бензинот од 95 и 98 октани.

„Очекуваме одреден притисок во периодот што следи, но имаме доволни количини. Во постојана комуникација сме со дистрибутерите и со компаниите што ги снабдуваат граѓаните и економијата со нафта и нафтени деривати. Во моментов нема опасност од каков било недостаток“, дециден е премиерот Мицкоски.

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање за тоа какви мерки ќе бидат преземени во однос за стабилизација цените на нафтените деривати изјави:

- Видете, јас би го поделил одговорот во два дела. Првиот дел е фактот е дека како држава имаме убедливо најниска цена на нафтата и тоа во моментот можеби е добро од еден аспект, но од друг аспект во дел од пограничните општини, и посебно бензинските пумпи во пограничните општини, се создава притисок од соседството, бидејќи голем број од граѓаните од соседството доаѓаат да точат дизел гориво посебно. И затоа се случува да на некои бензински пумпи побргу од тоа што е очекувано да снема гориво. Но, тоа брзо се надоместува. Државниот пазарен инспекторат е континуирано на терен. Нема прекини во снабдувањето, но ако се има предвид, еве да речеме, ако е кај нас после нивелирањето на цената вчера од страна на Регулаторна комисија за енергетика, дизел горивото литар 1,39 евро центи. Да речеме, во соседна Албанија е 1,79, евро центи литар, односно 30% поскапо е и логично е да имаме притисок во западниот дел од државата. Исто така, во Србија е да речеме 1,73 евро центи, што отприлика некаде околу 25% поскапо од тоа што е во Македонија. Во Косово  варира цената но достигнува до 1,52–1,53 евро центи, што е некаде околу 15%. Во Грција 1,59 евро центи, односно Косово е од прилика околу 10%, а во Грција 15%. Во Бугарија 1,41. Така што во регионот имаме во моментот, како што кажавме, граѓаните во Македонија имаат најниска цена за дизел горивото, а слична е цената и со бензинот 95 октани и 98 октани. Очекуваме притисок и периодов кој што следи и имаме доволно количини, разговараме со дистрибутерите и со компаниите кои што ги снабдуваат граѓаните и македонската економија со нафта и нафтени деривати во моментот нема опасности од каков било недостаток. Ние како Влада продолжуваме да ја следиме состојбата. Можеби условно кажано е добра вест е што утринава од она што можев да го видам и брентот и останатите продукти на светските берзи се во опаѓање. Ако вчера го достигнаа пикот од 120 долара за барел, денеска веќе се тргуваат за некаде 90-тина долари за барел. Ја следиме целата состојба многу внимателно и во зависност од развојот на настаните така и ќе реагираме“. 

Премиерот најави дека утре ќе има состаноци со претставници на ланците на супермаркети и хипермаркети, со цел да не се користи сегашната состојба и веднаш да се зголемат цените производите.

- Јас во текот на утрешниот ден имам состанок и со ланците супермаркети, хипермаркети итн. Сакам со нив да поразговарам да не се користи сега овој притисок да веднаш да се зголемат цените и притисокот да се префрли врз потрошувачката кошница на граѓаните, за да не мораме ние како Влада да преземаме друг тип на офанзивни мерки. Комисијата за заштита на конкуренцијата и Државниот пазарен инспекторат ќе го следат однесувањето на трговците на производи на мало и на големо. Врз основа на нивното однесување така и Владата ќе се однесува. Така што очекуваме и тие да имаат фер однос кон граѓаните, за да и ние како Влада бидеме фер кон нив, односно заеднички во овие моменти да го заштитиме стандардот на граѓаните, бидејќи тоа претставува наша цел и приоритет во моментов“, објасни тој.

Премиерот Мицкоски во однос на предлогот на опозициската СДСМ, истакна:

- Јас неслучајно, не ги прокоментирав, бидејќи станува збор за прилично несериозни, неточни, непрецизни предлози. Бидејќи ако во еден момент ги слушате како создаваат хистерија за 600, 700, 800 евра минимална плата, а од друга страна велат да се избришат даноците, да нема данок на додадена вредност итн., па не враќа во едни други времиња, на соцболшевизам и еден вид на таква економија. Затоа се обидов воопшто да не ги коментирам творците на канабис економијата во Македонија, луѓе коишто буквално ја ограбија Македонија, ги понижија македонските граѓани, ја понижија државата. И понекогаш можеби и молкот е доволен одговор на некое прашање.

Во моментот не гледаме потреба од прогласување на кризна состојба, токму поради овие аргументи за коишто веќе зборував“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk