logo
logo
logo

ДВАЈЦА ПОВРЕДЕНИ во сообраќајката на „Трета македонска бригада“

Vecer | 18.07.2023

ДВАЈЦА ПОВРЕДЕНИ во сообраќајката на „Трета македонска бригада“

Во несреќата која се случи попладнево на булеварот „Трета македонска бригада“ повредени се две лица. До несреќата дошло кога два автомобили се судриле, а веднаш по ударот едниот автомобил се запалил.

Денеска во СВР Скопје е пријавено дека во 15>50 часот на булеварот „Трета македонска бригада” се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „опел”, управувано од 52-годишниот Д.Т. од Скопје и патничко возило „фолксваген”, управувано од 53-годишниот Р.К. од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки, при што во возилото „опел“ настанал пожар.

Во незгодата двајцата возачи се пренесени во медицинска установа, каде им се констатирани телесни повреди.

Увид врши увидна екипа на СВР Скопје, информираат од МВР.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk