logo
logo
logo

ДРАМА ПРЕД СКОПСКО УЧИЛИШТЕ: Гордана Гоџо се расправа дека нејзиното дете нема да носи маска и дека се врши геноцид! (ВИДЕО)

Vecer | 11.12.2021

ДРАМА ПРЕД СКОПСКО УЧИЛИШТЕ: Гордана Гоџо се расправа дека нејзиното дете нема да носи маска и дека се врши геноцид! (ВИДЕО)

Предводничката на антивакциналните протести и дел од здружението на граѓани ,,Од нас за нас”, Гордана Гоџо, се снимала додека пред училишна зграда се расправа со образовниот кадар и директорката на училиштето затоа што не сака нејзиното дете да влезе на час со маска.

Видеото трае 19 минути и во него Гоџо го обвинува образовниот кадар дека и ги крши уставните права и дека ,,врши кривично дело уцена” затоа што бара да се почитуваат протоколите донесени од страна на владата на земјава, за превенција на ширење на коронавирусот.

Наставниот кадар постојано во видео материјалот ја разуверува Гоџо дека носењето маски е за здравјето на нејзиното дете, но таа е упорна дека од маската детето се гуши и не нуди никаква заштита.

-Не сум купила маска две години. Од што ве штити маската, во аптека сте побарале декларација да видите од што ве штити оваа крпа?, рече Гоџо.

Целото видео погледнете го во продолжение.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk