logo
logo
logo

Донираме за подобро здравје: Пуцко петрол донираше за болницата од Кичево

Vecer | 17.06.2021

Донираме за подобро здравје: Пуцко петрол донираше за болницата од Кичево

Здравствениот дом и Општата болница во Кичево денеска добија донација во медицинска опрема обезбедена од компанијата Пуцко Петрол.

Со ова според надлежните се подобруваат здравствените услови за пациентите.

Донацијата е дел од стратегијата на компанијата за корпоративна социјална одговорност и грижа за општеството.

,,Сакаме да им дадеме поддршка на нашите херои кои изминатиот период деноноќно се грижеа за нашето здравје. Свесни сме за улогата што како една голема компанија ја имаме кон заедницата во која работиме и затоа грижата за општеството е секогаш во фокусот на нашето делување.

Истото сме го демонстрирале преку различни хумани активности, кампањи и донации кои се секогаш наш одговор онаму каде помошта е најпотребна.Пациентите заслужуваат квалитетна услуга во здравствените установи и затоа нивната состојба треба да биде сечија грижа и можност за помош,, велат од Пуцко Петрол.

Директорот на Здравствениот дом во Кичево, др.Џабир Бајрами изјави дека како јавна здравствена установа со буџетските средства ја набавуваат неопходната медицинска апаратура и средства, меѓутоа секогаш имаат потреба од подобрување и на останатите услови во болницата. Сето тоа оди во прилог на побрза и поефикасна работа на целиот персонал и подобри услови за пациентите.

„Лекарите и медицинските сестри деноноќно се грижеа за пациентите со Ковид 19. Нивниот неуморен напор е извонредно достигнување што заслужува целосно почитување и поддршка. Донацијата се состои од заштитни ракавици, пакети со средства за дезинфекција, болнички мантили, постелнина и се она што и е потребно на болницата,, изјави директорот на Општата болница во Кичево Станко Трпески.

Пандемијата ни одржа лекција на сите нас, да подадеме рака и да помогнеме кога е најпотребно- здравјето на прво место.

Ова се 15-те НАЈЧИТАНИ ПОРТАЛИ ВО МАКЕДОНИЈА! Тие се јавното мислење

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk