logo
logo
logo

ДЕЧИЊА И БАБА ОД ЦЕНТАР ЖУПА ЖРТВИ НА СООБРАЌАЈКАТА ВО СЛОВЕНИЈА, мајката и таткото тешко повредени

Vecer | 28.08.2026

ДЕЧИЊА И БАБА ОД ЦЕНТАР ЖУПА ЖРТВИ НА СООБРАЌАЈКАТА ВО СЛОВЕНИЈА, мајката и таткото тешко повредени

Полициската управа во Копер соопшти дека меѓу загинатите три лица во сообраќајната несреќа на автопатот Приморје во Словенија, две се деца на возраст од четири и 11 години, а третата жртва е 74-годишна жена.

Тројцата македонски државјани, едно возрасно лице и две деца кои загинаа во тешката сообраќајна несреќа во Словенија се од село Житинени, Општина Центар Жупа.

Во автомобилот пред трагедијата се возело цело семејство – две деца, нивните родители и бабата. Двете дечиња и нивната баба ги загубија животите.

33-годишна жена со тешки повреди, со хеликоптер била пренесена во болница. 39-годишен маж бил пренесен во болница со возило на Брзата помош. Станува збор за родителите на дечињата-жртви во сообраќајната несреќа.

Со автомобилот удриле во паркиран камион. Возачот на камионот во моментот на несреќата не бил во кабината, па не е повреден.

– Немам зборови со кои би ја искажал тагата од оваа страшна трагедија која ги потресе жителите на нашата општина. Семејството е по потекло од село Житинени, а живеат во Равена Италија. Се молиме, за закрепнување на другите две повредени лица,  изјави градоначалникот Аријан Ибраим од општина Центар Жупа.

Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, порано денеска, соопштија дека тројца македонски државјани, едно полнолетно и две малолетни лица, загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случила вчера на автопатот А1 во близина на Унец, Словенија.

Словенечки Автомото, вчера обајви дека несреќата се случила попладнето, кога поради дефект камионот застанал во просторот за запирање, а возачот на автомобилот удрил во задниот лев дел од приколката од, засега непозната причина. Во моментот на несреќата во автомобилот имало пет лица, сите државјани на Македонија. Лекарот ја потврдил смртта на три лица на самото место. Едно тешко повредено лице било пренесено во болница со хеликоптер, додека повредениот возач бил пренесен со амбулантно возило.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk