Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ пронајдоа 20 висечки рибарски мрежи со вкупна должина од околу четири илјади метри и 872 парчиња охридска белвица, со вкупна тежина од 116,9 килограми.

Мрежите и уловот се пронајдени на потегот меѓу струшките села Калишта и Радожда, во рамки на акциска контрола за спречување на кривичното дело „незаконит риболов“.
По насоки на јавен обвинител, полициските службеници ги подигнале мрежите и уловот, а за случајот е известен надлежниот инспекторат за рибарство.

Од Полициската станица најавија дека и во наредниот период ќе продолжат со засилени контроли за сузбивање на незаконскиот риболов и заштита на рибниот фонд во Охридското Езеро.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата