logo
logo
logo

И НА ТАЧЕ МУ Е ЈАСНО, САМО ВЕНКО Е ВО МАГЛА - „Камо среќа голем играч да посака да гради дата центар во Македонија“

Vecer | 03.09.2026

И НА ТАЧЕ МУ Е ЈАСНО, САМО ВЕНКО Е ВО МАГЛА - „Камо среќа голем играч да посака да гради дата центар во Македонија“

Актуелниот пратеник од редовите на СДСМ, Димитар Ковачевски вчера во гостување на „Тема на денот“ на телевизија Сител, зборуваше за неминовната потребата од изградба на дата центри во Република Македонија, како последица на глобалните процеси на дигитализација, при што направи јасна дистинкција помеѓу националните дата центри и комерцијалните дата центри.

Надоврзувајќи се Ковачевски рече „камо среќа да се појави потреба да одреден голем играч изрази желба на територија на Македонија да гради дата центар“.

Ковачевски кажа дека разговори за национален дата центар се воделe од поодамна, односно од пред 16 години и дека лично самиот тој бил дел од нив, меѓутоа дека во тие моменти, како што вели Ковачевски потребата не била созреана во државните институции. Посочувајќи дека Македонија сè уште нема примарен Национален дата центар. Ковачевски додаде дека ги слушнал најавите на министерот за дигитална трансформација за изградба на примарен дата центар на територија на Скопје и истиот смета дека е добро решение.

„Денес го слушав министерот за дигитална трансформација, дека Македонија веќе подготвува дата центар, којшто ќе биде примарен, на територија на Скопје, со големина којашто одговара на институциите и тоа е добро решение, зошто бидејќи на едно место ќе бидат сите хардверски компоненти коишто ќе ги опслужуваат, безбедноста ќе биде на многу повисоко ново, хакерските напади ќе бидат отежнати на оние коишто сакаат да влезат со што се соочувавме во минатото и други држави се соочуваат и ќе може на тоа да се надоградуваат нови услуги коишто ќе бидат понудени на граѓаните, истакна тој.

„Во моментот Google којшто е сопственик на YouTube за својата Gemini вештачка интелигенција апликација, инвестира 5 и пол милијарди евра исто така во Германија, со цел да ги зголеми капацитетите на дата центарот. Регионални играчи преку коишто тече сообраќајот на Google се Бугарија и Грција, Македонија тука ја нема, камо среќа да се појави потреба да одреден голем играч изрази желба на територија на Македонија да гради дата центар“, заврши Ковачевски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk