logo
logo
logo

МНРиНТ го осуди опожарувањето на возилата во сопственост на Амбасадата на Бугарија

Vecer | 15.06.2026

МНРиНТ го осуди опожарувањето на возилата во сопственост на Амбасадата на Бугарија

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија најостро го осудува инцидентот што се случи денеска, при што беше извршено опожарување возила во сопственост на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје.

Министерството во реакцијата исто така информира дека се преземаат соодветни мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со настанот.

- Министерството за надворешни работи и надворешна трговија дава целосна поддршка на надлежните институции во насока на брза, ефикасна и транспарентна истрага, со цел утврдување на одговорноста и соодветно санкционирање на сторителот - се додава во реакцијата. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk