Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози, но интензитетот е зголемен на патните правци надвор од градските средини.
Од АМСМ информираат дека на граничниот премин Табановце се чека околу 30 минути за влез во државата, додека на останатите премини нема подолги задржувања.
АМСМ апелира до возачите да ја приспособат брзината, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и внимателно да управуваат со возилата, особено на делниците каде постои можност од појава на одрони.
Посебно внимание се препорачува на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата