ПремиеротХристијан Мицкоски најави дека реконструкцијата на Владата ќе се случи во мај или јуни, кога ќе стане јасно дали и кои министри ќе ги напуштат ресорите или ќе бидат прераспоредени.
„Имаме принципиелен договор како коалициски партнери во Владата — коалицијата предводена одВМРО-ДПМНЕ, коалицијата ‘Вреди – Влен’ и партијата ЗНАМ. Најавивме дека во мај или јуни ќе има реконструкција и многу прашања поврзани со тој процес ќе бидат ставени на маса“, изјави Мицкоски.
Премиерот одговараше на новинарско прашање дали ќе биде разрешен министерот за социјална политика, Фатмир Лимани по објавата на негова фотографија со лидерот на ДУИ, Али Ахмети за време на ифтарската вечера која ја организираше албанскиот премиер Еди Рама пред десетина дена.
Присуството на Лимани на ифтарската вечера кај Рама предизвика реакција кај коалицијата „Вреди“. Тие побараа Лимани лично да објасни зошто седел на заедничка маса со Али Ахмети и Арбен Таравари.
Дали има простор за нови коалициски договори?
Премиерот Мицкоски е дециден дека коалициските партнери имаат многу добра соработка и дека во овој момент не гледа простор за нови коалициски договори.
„Како коалиција имаме исклучително коректна соработка. Во моментов не гледам потреба од разговори со други политички субјекти, затоа што образот се чува цел живот, а се губи само еднаш“, изјави Мицкоски на настанот по пуштањето во употреба на реконструираниот Регионален центар за средно стручно образование „Моша Пијаде“ во Тетово.
Последните промени во Владата се случија на крајот на декември 2025 година, кога Беким Сали и Мухамед Хоџа станаа дел од владиниот тим, едниот како прв вицепремиер и министер за европскки прашања, а другиот како министер за животна средина.
Тие ги пополнија двете функции што до пред локалните избори ги вршеше еден од лидерите на коалицијата ВРЕДИ (ВЛЕН) Изет Меџити, кој стана градоначалник на Чаир.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја обвини претходната влада на СДСМ дека ќе биде запаметена како власт што тогаш најлошо се справила со ковид-пандемијата, дека спроведувала брутален поткуп, молела за вакцини.
„Вчера ја гледав прес-конференцијата на претседателот на СДСМ. Таму тој се повика на мерките што биле преземени за време на ковид-кризата и пандемијата и правеше разлика и споредба на оваа мерка со тие и по што тие ќе останеле запаметени.
Мицкоски рече дека дека тогашната влада на СДСМ коленичела на граница да добиет пет илјади вакцини донација од Србија, а и граѓаните „коленичеа“во соседството да добијат и да аплицираат вакцина против ковид. „Тоа нема да го слушнете на лажните клеветнички прес-конференции на опозицијата, но затоа ќе слушнете како конструираат и измислуваат“, рече Мицкоски по пуштањето во употреба на реконструираниот Регионален центар за средно стручно образование „Моша Пијаде“ во општина Тетово.
Но (Филипче) заборави да каже дека единственото нешто по што ќе бидат од тогаш запаметени е фактот што како држава најлошо се справивме со ковид-пандемијата, односно имавме најголем број смртни случаи на жител во споредба со сите европски земји“, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање за коментар на критиките од лидерот на опозицијата дека Владата не презема доволно мерки за заштита на стандардот на граѓаните.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата