logo
logo
logo

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ОДНЕСЕ ДВА ЖИВОТА, кобна клучката за Кавадарци

Vecer | 11.06.2026

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ОДНЕСЕ ДВА ЖИВОТА, кобна клучката за Кавадарци

Две лица загинаа, а едно е тешко повредено во тешка сообраќајка на новиот експресен пат Прилеп - Градско пред клучката за Кавадарци, потврдија за МИА од Брза помош Кавадарци и Територијалната противпожарна единица, кои интервенирале на лице место. 

Доктор Антоан Паракеов, раководител на Итна медицинска помош Кавадарци, појасни за МИА  дека директно се судриле две возила. Во едното загинале две лица од машки и женски пол, а едно тешко повредено лице на 39 години од Прилеп од другото возило, било транспортирано во тешка здравствена состојба до Општа болница Кавадарци со тешки повреди. 

Повеќе информации засега не можеа да дадат. 

Лица што случајно се нашле во близина велат за МИА, дека Итната медицинска помош и Противпожарната дошле најбрзо што можеле на лице место. Пожарникари го ваделе преживеанот,о но тешко повредено лице од еден од автомобилите и со Брза помош било пренесено на лекување.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk