logo
logo
logo

5-ТЕ ТОНИ МАРИХУАНА ФАТЕНИ ВО СРБИЈА СЕ ОД МАКЕДОНИЈА, КО-СОПСТВЕНИК НА МАКЕДОНСКА ФИРМА Е УАПСЕН И ВО ПРИТВОР

Vecer | 01.02.2026

5-ТЕ ТОНИ МАРИХУАНА ФАТЕНИ ВО СРБИЈА СЕ ОД МАКЕДОНИЈА, КО-СОПСТВЕНИК НА МАКЕДОНСКА ФИРМА Е УАПСЕН И ВО ПРИТВОР

- Александар Мијајловиќ, осомничен како организатор на групата, моментално е во бегство, а по него е распишана меѓународна потерница.

- Организирана криминална група набавувала марихуана во Северна Македонија и ја дистрибуирала од Србија.

Во акција на српската полиција за заплена на 5 тони марихуана уапсен е и Иван Драгниќ ко-сопственик на македонска компанијата за производство и преработка на медицински канабис, објави српски Блиц.

Вишиот суд во Белград на Драгниќ и уште две лица (Н.С. и Р.С) им одреди притвор по заплената на 5 тони марихуана во селото Коњух кај Крушевац.

Српското јавното обвинителство за организиран криминал претходно објави и дека е донесена наредба за спроведување истрага против Александар Мијајловиќ, Небојша Спасојевиќ, Радет Спасојевиќ, Иван Драгниќ и Урош Младеновски.

Претходно, осомничените за кривично дело неовластено производство и дистрибуција на наркотични дроги, го искористија своето законско право да молчат за време на рочиштето во ЈТОК.

Со оглед на тоа што осомничениот Александар Мијајловиќ, кој е означен како организатор на оваа организирана криминална група, е во бегство, до судијата за претходна постапка е поднесен предлог за издавање потерница против него, вклучително и меѓународна.

Набавувале дрога од Македонија

Како што е наведено во соопштението, оваа организирана криминална група дејствувала на меѓународно ниво, со тоа што во текот на јануари оваа година набавила повеќе од пет тони опојна дрога марихуана на територијата на Северна Македонија.

Според планот на организаторот, осомничениот Иван Драгниќ ги транспортирал наркотичните дроги преку границата до магацинот на семејството на осомничените Спасојевиќ, од каде што осомничениот Урош Младеновски ги однел за понатамошна продажба.

Се додава дека е особено индикативно што осомничениот Иван Драгниќ е косопственик на компанијата „АЛФАФАРМ“, која е регистрирана во Скопско за производство и преработка на медицински канабис.

Покрај марихуаната, на 29 јануари, полицијата заплени 4 автоматски пушки, еден рачен фрлач – зоља и повеќе од 1,5 милиони динари.

Проценетата вредност на запленетите дроги е околу 50 милиони евра.

Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ, по пристигнувањето на местото на заплената, истакна дека ова е најголемата заплена на дрога во Србија досега.

На денот на запленувањето на наркотиците, министерот Дачиќ изјави дека дрогата најверојатно пристигнала „од јужните соседи“, без да прецизира на кои соседи мисли.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk