logo
logo
logo

Мицкоски за големиот енергетски проект Чебрен и Галиште: “ДА БИДЕ НАШЕ И ЗА НАС ДА РАБОТИ“

Vecer | 09.06.2026

Мицкоски за големиот енергетски проект Чебрен и Галиште: “ДА БИДЕ НАШЕ И ЗА НАС ДА РАБОТИ“

Енергетскиот проект Чебрен и Галиште барем три децении е во фокусот како решение за зголемен електро капацитет на државата. Досега имало неколку обиди за реализација но ниту еден не профункционирал.

Минатата влада објави намера да го даде прокетот на грчка фирма која би била сопственик и би стопанисувала со компелксот но, оваа влада цени дека е тоа проект од највисок национален интерес, стартешки важен, и дека е најдобро да биде изграден од државни пари, во државна сопственост а профитот да остане на Македонија. 

Државата е блиску до одлука самостојно да го гради проектот Чебрен и Галиште како државен, изјави премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за тоа како ќе се финансира проектот за хидроцентралата Чебрен и од каде би се обезбедиле околу 1,5 милијарди евра, колку што, според проценките, би чинела неговата реализација.

“Јас вчера, на брифингот за новинарите, дека една од иницијативите кои ги имаме а сами, како држава, да го градиме целиот комплекс на река Црна над постоечки Тиквеш во јавноста познат како комплекс Чебрен и Галиште.

Направивме пресметки и утврдивме дека ова е старатешки прокет не само за Македонија туку и регионално, ќе се создадат резерви на вода за пиење и за земјоделие.Досега имаше многу неуспешни тендери, обиди за приватни партнерства, процеси поврзани со многу сомнежи“, рече Мицкоски.

Премиерот посочи доколку, како што рече, успееме да формираме синдикат на меѓународни финансиски институции, а разговорите се во таа насока, тогаш реално е да се очекува дека следната година ќе ставиме камен-темелник на овој историски проект.

„Има многу причини за кои верувам јас, и јас и колегите во Владата, и во компанијата АД ЕСМ, поранешно ЕЛЕМ, дека треба да се обидеме, вака народски кажано, да стиснеме заби и да го изградиме сами овој проект. Имајќи ги предвид климатските промени, убеден сум дека не само на Македонија како држава, туку и во регионот, ќе им требаат два резервоари за питка вода.

Токму тие се тие акумулации, таков тип на резервоари. Така што, производството на електрична енергија можеби и не е примарен предизвик, можеби е терцијален или четврт по ред, имајќи предвид дека под постоечката хидроцентрала Тиквеш се наводнуваат некаде околу шеесетина илјади хектари земјоделско земјиште“, рече Мицкоски.

Тој истакна дека ова е амбициозна најава, но не е невозможна и рече дека се многу блиску до конечна одлука самата држава да го гради овој проект.

ХЕЦ Чебрен: Планирано е да биде реверзибилна хидроцентрала (со можност за враќање на водата и складирање енергија) со капацитет од околу 333 MW до 458 MW. Браната е проектирана да биде висока над192 метри, што ја прави една од највисоките брани од ваков тип во светот.

ХЕЦ Галиште: Предвидена е како втора хидроелектрана во низата, лоцирана спротиводно од постојната акумулација Тиквеш. Нејзината планирана инсталирана моќност е околу 193,5 MW.

Дополнителни придобивки: Освен производство на електрична енергија и балансирање на енергетскиот систем, проектите имаат за цел заштита од поплави, подобрување на водоснабдувањето, наводнување на Тиквешкото поле и развој на туризмот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk