Премиерот Христијан Мицкоски вчера беше во манастирот „Свети Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка, каде присуствуваше на Божествената Литургија што ја служеше митрополитот Кумановско-осоговски Григориј.
Посетата се совпадна со претпразнчното чествување на Успението на Пресвета Богородица.
По Литургијата, премиерот се огласи со порака за значењето на македонските свети места и нивното наследство.
„Нашите свети места се потсетник на вредностите што нè обединуваат – верата, достоинството, почитта кон минатото и одговорноста кон идните генерации“, порача Мицкоски.
Тој додаде: „Да го чуваме и почитуваме она што ни е оставено во наследство“.
Од Кумановско-осоговската епархија, пак, наведоа дека присуството на Мицкоски на празничните литургии во манастирот е континуирано и дека на тој начин се придонесува кон одржувањето на традицијата и споменот на Свети Јоаким Осоговски.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата