logo
logo
logo

Бегалците од Авганистан НА ШОПИНГ ВО СИТИ МОЛ (ФОТО)

Vecer | 08.10.2021

Бегалците од Авганистан НА ШОПИНГ ВО СИТИ МОЛ (ФОТО)

За Авганистанците да појдат во Сити мол потребно беше полицијата да блокира цела улица. Утрово два автобуса со бегалците од Авганистан кои престојуваат во Македонија, беа на шопинг во „Сити мол“ а полициската придружба како што беше речено е поради безбедност.

Според Република привилегиите за гостите не завршија тука. Очевидци за „Република“ дополнуваат дека тие биле внесени од страничен влез, а спротивно на протоколите за заштита од ковид-19, ним не им бил проверен вакциналниот статус.

Слична тура Авганистанците имаа пред неколку дена, кога повторно со полициска и придружба од Црвениот крст беа на пазарење во друг трговски центар во Скопје.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk