logo
logo
logo

ДИПЛОМАТИТЕ ГИ ДОБИЈА НОВИТЕ 3 ПРИОРИТЕТИ - Заштита на националните интереси, повеќе извоз и грижа за нашите во дијаспората!

Vecer | 20.08.2026

ДИПЛОМАТИТЕ ГИ ДОБИЈА НОВИТЕ 3 ПРИОРИТЕТИ - Заштита на националните интереси, повеќе извоз и грижа за нашите во дијаспората!

Заштита на македонските национални интереси, потенцијалот на дипломатско-конзуларни претставништва во делот на економската дипломатија и заштита на граѓаните кои живеат надвор од границите на нашата држава се трите стратешки национални интереси, кои денеска ќе им бидат презентирани на членовите на Амбасадорскиот совет, информираше министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

Пред одржувањето на Амбасадорскиот совет на кој треба да се обрати и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, Муцунски во изјава за медиумите истакна дека целта во рамките на оваа сесија со претседателот на Владата е нашите амбасадори и генерални конзули изворно да слушнат кои се приоритетите за следната година и да добијат насоки за постапување по однос на нашите клучни стратешки национални интереси.

– ​Прво е заштитата на македонските национални интереси. ​Второ е користењето на потенцијалот на нашите дипломатско-конзуларни претставништва во делот на економската дипломатија, но и стимулирање на трговијата, односно извозната компонента на нашата економија. ​Третата е заштитата на интересите на нашите граѓани надвор од нејзините граници — независно дали се тоа Македонци коишто живеат надвор од нашата држава или се тоа наши граѓани коишто патуваат заради различни причини. И во таа смисла тука зборуваме пред сè за конзуларните услуги и потребата од нивна модернизација, подобри услуги за Македонците надвор од границите на државата – изјави Муцунски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk