logo
logo
logo

БУТЕЛ ЌЕ ДОБИЕ ПОЛИКЛИНИКА

Vecer | 02.10.2025

БУТЕЛ ЌЕ ДОБИЕ ПОЛИКЛИНИКА

Општина Бутел денеска распиша тендерска постапка за изградба на поликлиника, соопшти на денешната прес конференција градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски. Новата поликлиника Бутел ќе се гради на улица Бутелска, на местото на постојната модуларна амбуланта. Ќе има приземје и кат. Околу 118 милиони денари ќе чини целиот проект.

Ова беше еден од капиталните проекти, што го најавил градоначалникот Костовски.

– Општина Бутел обезбеди планска документација. Донесовме ДУП на 16.02 2024 година. Го донесовме едногласно. Зацртавме маркица за нова поликлиника. Веднаш потоа обезбедивме проект во вредност од 3 милиони денари и целосна проектна документација – рече Костовски.

Тој додаде дека се обезбедени 117 милиони денари, од кои 90 отсто се од Министерството за здравство, а 10 отсто од Општина Бутел.

Костовски посочи дека се работи за модерна поликлиника, која ќе се простира на 1.500 квадратни метри. Тендерската постапка се очекува да трае околу еден месец.

Министерот за здравство Азир Алиу истакна дека оваа поликлиника е пример за соработка меѓу централната и локалната власт.

– Во новата поликлиника ќе има општа медицина, ординации за педијатрија, биохемиска лабораторија, кабинет за радиологија, стоматологија, гинекологија, психијатрија… – рече Алиу.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk