logo
logo
logo

ДА СТАВИМЕ КЛУЧ НА УСТАВНИОТ СУД АКО СЕ ВОВЕДЕ БАДЕНТЕР

Vecer | 26.12.2025

ДА СТАВИМЕ КЛУЧ НА УСТАВНИОТ СУД АКО СЕ ВОВЕДЕ БАДЕНТЕР

Бадентерот е многу корисен и здрав механизам за држава и општество како што е нашето, но само во политички орган како Собранието и секаде на друго место каде што ќе биде предвиден создава аномалии, смета претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски.

Ако тоа се случи во орган како Уставниот суд, вели Костадиновски, граѓаните во истиот момент може да заборават на правната држава и слободно да стават клуч и да ја затворат оваа институција.

Костадиновски, одговарајќи на новинарски прашања за заложбите на ДУИ за Бадентер во Уставен суд, на денешната годишна прес-конференција, рече дека Уставниот суд не смее да се сведе во ситуација етничките аргументи да бидат пресудни наместо правните и уставните аргументи.

– Во орган како Уставниот суд, што е контролор на Собранието кое треба да носи закони, вклучително и со Бадентерово мнозинство, да се сведе во ситуација етничките аргументи да бидат пресудни, нема потреба од постоење на таква институција. Подобро е клуч, државата ќе заштеди, не знам колку е нашиот буџет, меѓутоа граѓаните може да заборават на правна држава. Истото го мислам и за други органи, како Бадентер во Судски совет, кој не е политички орган. Тоа е мој личен став – изјави Костадиновски.

Во врска со тоа дека „во судот често се гласа етнички“, Костадиновски вели дека тоа повеќе зборува за судиите и додаде дека во моментот кога судијата ќе ја облече тогата, нема разлики, ниту етнички, ниту социјални, верски или општествени.

– Замислете како судии ако ги внесеме во судница нашите разлики, по кој било основ и ако тоа се пресудни аргументи за одлучување, тогаш ние не сме судии. Ние имаме една и единствена должност, и таа заклетва ја даваме во Собранието, дека ќе го штитиме и чуваме Уставот, и притоа посегнуваме само по уставно правни аргументи. Толку – рече Костадиновски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk