Во ова неделно попладне, министерот за дигитална транформација Стефан Андоновски објави дека Владиниот центар за сајбер безбедност е примен во глобалната мрежа на тимови за одговор на компјутерски безбедносни инциденти
„Убави вести денеска од САД – силна потврда за напредокот на Македонија во кибер безбедноста. Владиниот Центар за одговор на кибер инциденти (MKD-GOV-CSIRT) е примен како полноправна членка на FIRST – Forum of Incident Response and Security Teams, глобална мрежа на тимови за одговор на компјутерски безбедносни инциденти, објави на Фејсбук министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.
Особено е важно, додаде министерот, дека овој чекор се прави со домашни човечки и инфраструктурни ресурси од Министерството за дигитална трансформација и Секторот за кибер безбедност, со стручна и техничка поддршка од нашите пријатели од САД и ЕУ.“
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата