Во Собранието се одржа седницата на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, по претставката од родителите на загинатите деца во дискотеката „Пулс“. Тие бараат случајот да се разгледува како повреда на човековите права, како брза и темелна истрага.
Родителите на загинатите во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ побараа правда и одговорност, пратеници од ВМРО - ДПМНЕ бараа Димитар Апасиев, претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, да се изземе и да не го води ова тело бидејќи „е неспособен да гарантира непристрансот и објективност“.
Aпасиев ја злоупотребува трагдијата во Кочани: Сака да се објавуваат докази кои се дел од судската постапка, за потоа тие да бидат неупотребливи.
Вака течеше почетокот на седницата на оваа собраниска комисија на која единствена точка е претставката од здружението на граѓани „16 март 2025 Кочани“ за трагедијата во „Пулс“ пред девет месеци во која загинаа 63 луѓе а повеќе од 200 беа повредени.
Целиот државен врв, премиерот Христијан Мицкоски, претседателката на државата Гордана Сиљановска - Давкова и претседателот на Собранието, Африм Гаши, беа присутни на седницата на Анкетната комисија.
Анкетната комисија беше свикана од пратеникот Димитар Апасиев. Пред почетокот на седницата од „Левица“ порачаа дека власта денеска го полага испитот за доверба, оценувајќи дека пратениците од власта имаат должност да присуствуваат на седницата за трагедијата во Кочани.
Родителите бараат „вистинска правда“ за загинатите
Марија Петрушова, мајка на жртва во пожарот, рече дека трагедијата е резултат на системски пропусти и негрижа, посочи дека се сослушани само поранешни, а не и актуелни функционери и побара случајот да се разгледа како сериозна повреда на човековите права, со посебен акцент на правото на живот.
„За нас ова не е политика - ова е борба за живот. Државата мора да ја пооправи неправдата. Владата има законска и морална одговорност да постапи праведно и одговорно. За нашите деца - вистинска правда. За вашите деца - безбедност, за сите нас - иднина“, рече Петрушова во обраќањето пред пратениците и пред државниот врв.
ВМРО-ДПМНЕ против Апасиев на чело на комисијата
Од ВМРО-ДПМНЕ се обрати пратеничката Иванка Василевска. Таа им укажа на родителите дека се што ќе биде кажано пред оваа анкетна комисија ќе нема никаква правна основа да се поведе одговорност, „но може да биде употребена за нечие иземање од одговорност“.
„Сите длабоко нѐ погоди оваа ужасна и незамислива трагедија. Комплетно ја разбираме ситуацијата во која се наоѓате. Нашето срца се цело време со вас. Нема да дозволиме да бидете ни злоупотребени, ни изманипулирани. И ние исто како и вие, сакаме да ја дознаеме вистината за трагедијата и бараме одговорност за истата, но сакам да ве предупредам дека за она за кое сме собрани денес тука, нема да биде постигната посакуваната цел“, рече Василевска.
Таа рече дека Апасиев ги довел родителите во стапица откако по негови јавни тврдења дека „обвинението ќе падне пред суд бидејќи е килаво поставено“ и дека одредени обвинети немаат каузална врска со последиците од пожарот.
Тоа, според Василевска, го прави Апасиев лице чија непристрасност е доведена во прашање, па дури и во сомнеж и побара тој да се изземе и да не ја води комисијата, што Апасиев го одби.
Додевска го прочита и писмото што јавниот обвинител Љупчо Коцевски го испрати до Собранието на барање на спикерот Африм Гаши, а во кое Коцевски вели дека формирање анкетна комисија во Собранието не би било целисходно и потребно во овој момент, а дека по судската постапка може да се формира таква комисија за да се бара политичка одговорност.
Коцевски во писмото апелира да не се водат паралелни истраги за да не се наштети на истрагите и да не се компромитираат докази и сведоци.
Апасиев рече дека ова писмо не се однесува на Постојната анкетна комисија за за заштита на слободите и правата на граѓаните, која е уставна категорија, туку на друга комисија што власта сака да ја формира.
Станува збор за уште една Анкетна комисија што ќе ги утврдува околностите и постапувањето на институциите во серија трагедии и несреќи во Северна Македонија. Иницијативата за ваква комисија ја поднесоа пратеници одвладејачките партии ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ.
Комисијата ќе ги опфати настаните во Кочани, пожарот во Модуларната болница во Тетово, несреќата со автобусот на „Беса Транс“ и сообраќајната несреќа кај Ласкарци. Во сите имаше човечки жртви.
На 3 декември, Собранието со 84 гласа „за“ изгласа одлука да се формира таква комисија.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата