logo
logo
logo

ВЕНКО ЗБОРУВА, АПАСИЕВ ПОВТОРУВА - Здружени против гласовите на иселениците, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ

Vecer | 08.07.2026

ВЕНКО ЗБОРУВА, АПАСИЕВ ПОВТОРУВА - Здружени против гласовите на иселениците, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ

Меѓу СДС и Левица не може да се најде разлика, тие се едно исто. Настапите им се синхронизирани, ставовите исти. Што денес зборува Венко Заев, тоа утредента го зборува Димитар Апасиев, тоа што го вели и пишува СДС, уште веднаш го повторува политичката партија Левица, соопшти владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Во партиското соопштение се наведува дека договорот меѓу Левица и СДС за координирано дејствување, кога станува збор за блокирање на новиот Изборен законик, веќе е очигледен и со секој изминат ден се повеќе се потврдува. Не само што нема разлика во нивните ставови, туку напротив, тие им се исти и во голема мера се надополнуваат.

„Тоа што и СДС и Левица се против решението македонската дијаспора да добие полесен пристап за остварување на своето уставно загарантирано право на глас не е случајност. Нивна заедничка цел е да спречат проширување на демократското право на глас за нашите иселеници“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата тврдат дека граѓаните ја препознаваат, како што наведуваат, координираноста меѓу двете партии и дека станува збор за однапред договорена стратегија.

Во соопштението ВМРО-ДПМНЕ истакнува дека ќе продолжи да се залага за донесување на новиот Изборен законик со широк политички консензус, како и за реформи што ќе овозможат македонската дијаспора на поедноставен начин да го остварува своето уставно загарантирано право на глас.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk