Министер за надворешни работи земја членка на Европската Унија, лично го информирал македонскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски за несоодветно постапување на македонски амбасадор.
Ова го информираше Муцунски во неговото гостување на Само Интервју на Канал 5 минатата недела.
Вечер.мк дознава дека се работи за амбасадорот Андреј Жерновски во Букурешт. Како што дознаваме тој бил повикан на консултации во нашето МНР на 7 август 2024.
Информациите на Вечер.мк говорат дека тој во Букурешт имал некој инцидент со романскиот протокол и обезбедување кое наводно било еден вид на кошкање, туркање, а истото се случило државен настан, на кој бил присутен и романскиот Министер за надворешни работи.
Инцидентот, според информациите, бил од посериозен карактер штом министерот решил лично да го извести Министерот Тимчо Муцунски.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата