logo
logo
logo

ПОМИНАА 63 ГОДИНИ ОД СКОПКИОТ ЗЕМЈОТРЕС

Vecer | 24.07.2026

ПОМИНАА 63 ГОДИНИ ОД СКОПКИОТ ЗЕМЈОТРЕС

Поминаа 63 години од природната катастрофа што го погоди главниот град. Музејот на град Скопје по тој повод организира изложба насловена како „63 години - Скопје 63“ која ќе биде отворена во недела.

Старото Скопје остана да живее во фотографиите, документите и сеќавањата што денес ги чува Државниот архив, како сведоштво за еден град, живот и луѓе, град кој иако ранет, најде сила повторно да се издигне и никогаш не беше заборавен. Државниот архив излезе со аврентични фотографии од кобниот ден.

На 26 јули 1963 Метрополата се разбуди под урнати. Пет часот и 17 минути е времето кога животот за миг застана, земјотрес од кој 3 000 луѓе беа повредени, урнати 15 800 станови и оштетени околку 28 000. Над 200 000 граѓани останаа без покрив над глава како и 1 070 жртви.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk