Ме прашуваа дали Александар Вучиќ ќе им крене телефон, ако го побараат, до толку беа понизни Зоран Заев и Венко Филипче, рече вицепремиерот Иван Стоилковиќ во гостување на „Вечерното шоу со Богдан Илиевски“.
– Филипче имал сериозни комуникации со Вучиќ. Прашајте го Филипче какво е гравчето кое го готви претседателот Вучиќ во домашна атмосфера – вели Стоилковиќ.
„Бонус прашање кое само се наметнува, ако заклучиме дека од јадење грав во домашна атмосфера, дојдовме до силни критики и навредлив тон: гравчето посно било или пробал и колбас? И дали пресовите деновите насочени кон Вучиќ се… задоцнети ефекти од гравчето?“ пишува водителот Илиевски во објава на Фејсбук.
Погледнете дел од гостувањето на вицепремиерот Стоилковиќ.
ДУИ Е ИЛИ НЕ Е СИМБОЛ НА КОРУПЦИЈА И ПОДЕЛБИ? Филипче се извозел од Мала Речица да се види со Ахмети
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата