logo
logo
logo

ДУИ Е ИЛИ НЕ Е СИМБОЛ НА КОРУПЦИЈА И ПОДЕЛБИ? Филипче се извозел од Мала Речица да се види со Ахмети

Vecer | 18.01.2026

ДУИ Е ИЛИ НЕ Е СИМБОЛ НА КОРУПЦИЈА И ПОДЕЛБИ? Филипче се извозел од Мала Речица да се види со Ахмети

Венко Филипче се извозел до Мала Речица за да му понуди на Али Ахмети и ДУИ широк опозициски фронт за ЕУ, ден пред лидерската средба на која домаќин беше премиерот Христијан Мицкоски, јавува ТВ24.

Според неофицијалните информации, средбата била на барање на Филипче и се случила неколку часа пред Генералниот Совет на ДУИ да одлучи Ахмети да оди на лидерската средба со Мицкоски. Нема детали дали во понудата на Филипче имало и барање и Ахмети да му се приклучи во бојкотот на лидерската средба.

Филипче ја потврди средбата без да открие детали.

- Средба имаше, но не би коментирал за деталите, рече тој.

По расколот со ДУИ, Филипче се побидува да ги затопли односите со Мала Речица, потврдува висок патиски функционер и од ДУИ. Тој вели дека Филипче му понудил соработка на Ахмети за некаков во проЕУ фронт.

- Пред седницата на генералниот совет претседателот Али Ахмети се сретна со претседателот на СДСМ Венко Филипче на негово барање. На состанокот Филипче му понудил соработка во “европски опозициски фронт“, вели за ТВ 24 висок функционер на ДУИ.

На локалните избори, СДСМ во одредени општини неформално ги поддржа ВРЕДИ, освен на дополнителните избори каде отворено застана зад кандидатот на Арбен Таравари кој е дел од коалицијата на Ахмети.

ФИЛИПЧЕ: ДУИ е симбол на корупција и поделби

Не така одамна, претседателот на СДСМ Венко Филипче ја отфрли можноста за поврзување со ДУИ и ја нагласи потребата од политики кои обединуваат, а не, како што вели, кои делат. Во изјава на 09.01.2025 година тој вели:

СДСМ никогаш повеќе нема да дозволи да биде ставен во истата рамка или да биде подреден на било која партија, особено не на ДУИ. Коруптивната стигма која со години ја носи оваа партија е нешто од што јасно и недвосмислено се дистанцираме. Нивната реторика и постојаното подигање на етнички тензии како алатка за политичко делување е неприфатлива и опасна. Таквите политики немаат место во нашето мултиетничко општество, изјави Филипче во интервју за „Независен“.

Тој ја обвини ДУИ за политички практики кои го спречуваат напредокот на Македонија.

Во однос на идната соработка со албанските партии, Филипче подвлече дека ќе се базира на заеднички вредности и транспарентност.

- СДСМ ќе работи со партии кои ги споделуваат нашите заложби за транспарентност, реформи и градење политики кои ги обединуваат граѓаните, а не ги делат. Нема да дозволиме етничките прашања да се користат како алатка за прикривање на корупцијата или неспособноста, заклучи Филипче пред точно една година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk