logo
logo
logo

Судскиот совет ја предлага Мери Дика Георгиевска за судија на Уставниот суд

Vecer | 25.03.2026

Судскиот совет ја предлага Мери Дика Георгиевска за судија на Уставниот суд

Судскиот совет ја предлага Мери Дика Георгиевска, судија на Апелациониот суд, за судија на Уставниот суд. На денешната седница 10 членови на Судскиот совет гласаа „за“, еден беше против, а судијката Антоанета Димовска се иззема од точката на дневен ред. 

Судиите, членови на Судскиот совет, кои ја поддржаа кандидатурата на Дика Георгиевска, истакнаа дека таа ги исполнува сите услови за уставен судија, дека станува збор за професионалец кој има познавање на судовите од прв степен до највисоките судови, има личен и професионален интегритет, долгогодишно искуство, а дала и придонес за развојот на стручната и теоретската мисла и на правниот систем. 

Единствена што гласаше против предлогот Дика Георгиевска да биде предложена за уставен судија беше Сузана Јошевска Анастасовска, која истакна дека е неспорно оти Мери Дика поседува значајно долгогодишно искуство во редовното судство, вклучително и на раководни позиции, и како претседател на суд и учество во орган кој имал клучна улога во Судскиот совет, но дека доставените материјали не овозможуваат доволно јасна и недвосмислена и конкретна потврда за придонес за развојот на стручната и теоретската мисла и на правниот систем.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk