logo
logo
logo

Се бара притвор за 76 год. косовски државјанин за страшната несреќа со 4 загинати - ШТО СТОИ ВО КОСОВСКИОТ ЗАКОН ЗА ВОЗАЧКИ ДОЗВОЛИ?

Vecer | 22.05.2026

Се бара притвор за 76 год. косовски државјанин за страшната несреќа со 4 загинати - ШТО СТОИ ВО КОСОВСКИОТ ЗАКОН ЗА ВОЗАЧКИ ДОЗВОЛИ?

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против косовски државјанин осомничен за – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот 76-годишник управувал товарно возилo МАН со прикачена полуприколка со косовски регистарски таблички, по северната обиколница на град Скопје во насока од запад кон исток.

Притоа, не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност животот на луѓето.

Кога дошол во близина на клучката Мирковци брзината на движење на возилото не ја приспособил спрема својствата и состојбата на патот, густината на сообраќајот и другите сообраќајни услови, така што да може навремено да го запре возилото пред секоја пречка што под дадени услови можел да ја предвиди. Во еден момент изгубил контрола над возилото и свртел во лево, па удрил и ја пробил металната одбојна ограда и продолжил со движење, преминувајќи на коловозот од автопатот наменет за движење на возилата од спротивната насока, каде во него со предната страна удрил автомобил „БМВ“ кој се движел во насока од исток кон запад.

По ударот автомобилот и камионот се запалиле. Во несреќата на лице место починале четворицата патници во патничкиот автомобил.

Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство и можност осомничениот да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.

Што вели законот за патенти (дозволи) за возачи во Косово?

Во Косово, според Законот за патенти за возачи, не постои строга фиксна законска старосна граница за пензионирање од професионално возење на тешки товарни возила (категории C и CE).

Сепак, продолжувањето на возачката дозвола е условено со задолжителни лекарски прегледи:

До 65 години: Дозволата се издава со регуларна важност.

Над 65 години: Потребно е возачката дозвола да се обновува на секои 3 години, при што секој пат е задолжително приложување на лекарско уверение за докажување на физичка и ментална способност за управување со тешки товарни возила.

Управувањето со овие возила е дозволено сè додека возачот ги исполнува строгите здравствени критериуми пропишани на овие лекарски прегледи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk