logo
logo
logo

И ДЕЦА МЕЃУ ЗАГИНАТИТЕ МАКЕДОНЦИ ВО СЛОВЕНИЈА?- Неофицијлна информација од словенечките медиуми

Vecer | 28.08.2026

И ДЕЦА МЕЃУ ЗАГИНАТИТЕ МАКЕДОНЦИ ВО СЛОВЕНИЈА?- Неофицијлна информација од словенечките медиуми

Нови информации пристигнуваат за тешката сообраќајна несреќа што вчера попладне се случи на автопатот во Словенија, меѓу Унец и Равбаркоманда, во која загинаа тројца македонски државјани.

Според официјалните информации од словенечката полиција, во автомобилот се наоѓале пет лица, сите државјани на Македонија. Три лица починале на местото на несреќата, додека две се повредени – едното било пренесено во болница со хеликоптер, а повредениот возач со возило на итната медицинска помош.

Според неофицијални информации објавени од словенечкиот портал zurnal24, меѓу жртвите има и деца. Оваа информација засега не е официјално потврдена од полицијата.

Според првичните сознанија, товарно возило поради дефект било запрено на лента покрај автопатот, кога возилото удрило во задниот лев дел од неговата приколка.

Истрагата за причините и околностите под кои се случила трагедијата продолжува.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk