logo
logo
logo

ФАТЕН Е ЛУДИОТ! Возење со оваа брзина на јавен пат во Македонија е за долготрајно ментално лечење

Vecer | 20.01.2026

ФАТЕН Е ЛУДИОТ! Возење со оваа брзина на јавен пат во Македонија е за долготрајно ментално лечење

Сосема оправдано е да се верува дека човек кој вози автомобил со брзина од 293 километри на час по јавен пат не е нормален, екстремно опасен за себе и околината и без свест за последиците. Таков е фатен во Македонија.

Министерството за внатрешни работи делуваше по објавата на шокантно видео на социјалните мрежи, на кое се гледа како возач управува со патничко моторно возило со неверојатни 293 километри на час на автопатот Скопје–Гевгелија, во близина на Неготино. На тој дел од патот максимално дозволената брзина е 120 километри на час.

Возачот, А.Д. (36) од село Елово, скопско, веднаш бил идентификуван, пронајден и повикан од полицијата.

„Тој е санкциониран согласно законските одредби“, велат од МВР.

Министерството повторно апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, за зачувување на безбедноста на сите граѓани.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk