logo
logo
logo

НУЛА ФАКТИ И МНОГУ ЛАГИ: Автопатот Охрид–Кичево ќе биде завршен во предвидениот рок

Vecer | 03.05.2026

НУЛА ФАКТИ И МНОГУ ЛАГИ: Автопатот  Охрид–Кичево ќе биде завршен во предвидениот рок

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски порача дека изградбата на автопатот Охрид–Кичево се одвива според планот и ќе биде завршена во предвидениот рок, отфрлајќи ги, како што рече, „невистините, лагите и манипулациите“ што се шират во јавноста.

Тој реагираше на тврдењата дека проектот ќе чини милијарда евра и дека никогаш нема да биде завршен, оценувајќи ги како „небулози без ниту еден факт“. Според Николоски, ваквите изјави доаѓаат од „самопрогласени синдикални лидери“ кои, како што посочи, се обидуваат да ја доведат во заблуда јавноста.

„Нека не го замајуваат народот. За нивна жал, а за среќа на граѓаните, автопатот ќе се заврши во предвидениот рок“, изјави Николоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk