Советот на обвинители ќе стане Суд за “Грацијата“ на СЈО - ќе суди против слободата на изразување, за вредносен суд искажан од премиерот Христијан Мицкоски во интервју за Вечер.мк, кој да потсетиме, не спомена име на ниеден обвинител зборувајќи за измените во Кривичниот закон.
Зошто Советот на обвинители не изреагира на ист начин кога тогашниот виш јавен обвинител Мустафа Хајрулахи заедно со неговиот заменик Јован Цветановски кој воедно беше и обработувач на предметот за Бонусите за СЈО, иако што официјално со писмен поднесок во својство на јавни обвинители, а преходно со оформена службена белешка на која белешка од нивна страна е наведено детално како тогашниот државен обвинител Љупчо Коцевски вршел непосреден притисок до Вишиот јавен обвинител Мустафа Хајрулахи по однос на тоа да се донесе конкретна одлука за предметот познат во јавноста како Бонусите на СЈО и доколку тоа не биде сторено од нивна страна, кон истите ќе има кривична пријава а исто така и дисциплинска постапка.
До Советот на обвинители од страна на двајцата обвинители беше поднесен писмениот поднесок, но, во советот на јавни обвинители до ден денеска нема никаква реакција, односно двајцата јавни обвинители сеуште немаат никаков одговор по однос на поднесеното известување за директниот притисок кој им се вршел од државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.
Советот на обвинители ќе суди против слободата на изразување, за искажан вредносен суд, без да се спомене конкретно име. Ако Грацијата на СЈО Ленче Р. се чуствуваше навредена, може да поведе граѓанска постапка пред Граѓански Суд, а не за тоа да одлучува Советот на обвинители, кој сам си презема ингеренции кои по закон ги нема.
Да одиме по ред.
Советот на јавни обвинители ќе отвори постапка по известувањето на обвинителката Ленче Ристоска против премиерот Христијан Мицкоски, откако самата се препозна во негова изјава во која тој не спомена име на поранешен специјален обвинител - дека е „медиокритет“ и дел од „клиентелистичко-политичка матрица“, а таа реагираше дека со ваквите изјави се врши притисок и се нарушува нејзината самостојност во работењето.
Претседателот на Советот Башким Бесими во кратка изјава за „Слободен печат“ потврдил дека го примиле известувањето од Ристовска и ќе постапуваат според донесениот Правилник за обезбедување и гарантирање на самостојноста на јавните обвинители, односно ќе формираат Комисија која ќе треба да донесе заклучоци. Правилникот беше донесен во ноември минатата година.
„Надворешно нарушување на самостојноста претставува секое постапување на лица надвор од Јавното обвинителство и Советот на јавните обвинители со кое се загрозува професионалниот интегритет на јавните обвинители и може да се оцени како нарушување на самостојно, одговорно, законито, непристрасно и објективно извршување на јавнообвинителската функција“, предвидува правилникот.
Зошто Советот на обвинители не изреагира на ист начин кога тогашниот виш јавен обвинител Мустафа Хајрулахи заедно со неговиот заменик Јован Цветановски кој воедно беше и обработувач на предметот за Бонусите за СЈО, иако што официјално со писмен поднесок во својство на јавни обвинители, а преходно со оформена службена белешка на која белешка од нивна страна било наведено детално како тогашниот државен обвинител Љупчо Коцевски вршел непосреден притисок до Вишиот јавен обвиител Мустафа Хајрулахи по однос на тоа да се донесе конкретна одлука за предметот познат во јавноста како Бонусите на СЈО и доколку тоа не биде сторено од нивна страна, кон истите ќе има кривична пријава а исто така и дисциплинска постапка.
До Советот на обвинители од страна на двајцата обвинители беше поднесен писмениот поднесок, но, во советот на јавни обвинители до ден денеска нема никаква реакција, односно двајцата јавни обвинители сеуште немаат никаков одговор по однос на поднесеното известување за директорниот притисок кој им се вршел од страна на Љупчо Коцевски.
- Советот на јавни обвинители како прво и основно нема надлежност да одлучува по однос на ова прашање кое го споменувате дека е иницирано од Ленче Ристоска, од причина што Советот не може да излезе од рамката предвидена со законот за Јaвно обвинителство и законот за Совет на обвинители, а тоа е да може да одлучуваат само за работи кои што се од доменот на јавното обвинителство внатре, а не и за евентуални можни притисоци од надвор кон конкретен јавен обвинител. Ако има било какви притисоци надвор од кругот на Јавното обвинителство од повисок јавен обвинител, каков што беше случајот на Коцевски против мене и колегата Цветановски, само тогаш Советот на јавни обвинители има надлежност да одлучува по однос на поднесениот писмен поднесок. За се друго има меродавни институции, вели во изјава за Вечер.мк поранешниот виш јавен обвинител и сега адвокат Мустафа Хајрулахи.

Советот формира комисија од тројца членови, која може да прибира податоци и информации за утврдување на околностите. Комисијата може да побара и од Мицкоски писмено или усно да се произнесе.
Премиерот Мицкоски во видео интервју за порталот Вечер.мк, без да наведе име, посочи дека поранешен обвинител од СЈО е најгласен за новите измени на Кривичниот законик.
– Недостасуваат измените на Кривичниот законик бидејќи некој претходно направил авантура (зборувам за измените на претходната влада) и добро, поднесовме измени на КЗ до Собранието. Веднаш излегоа поединци, и тоа најгласен коментатор беше еден поранешен припадник на поранешното СЈО, кој вели дека со овие нови измени се намалувале казните и овозможувале да се досудат, внимавајте, значи они веќе ги осудија луѓево, да се досудат условни казни. А претходно немаше никакви казни, ама тогаш не ги слушнавме кога оние ги бришеа комплетно од КЗ. Замислете каква им е матрицата на размислување. Пазете, обвинител коментира веќе досудена работа. Бидејќи обвинителот и адвокатот се две спротиставени странки во процесот. И сега јас ја слушам и просто не можам да верувам со каков тип на медиокритети ние имаме работа. Но, во ред, тоа е тоа – рече премиерот Мицкоски.
Ристоска побара и јавно извинување од премиерот за навредите и професионалните дисквалификации кон неа.
„По однос на интервјуто на премиерот во кое за мене беа изнесени навреди и неосновани професионални дисквалификации, презедов соодветни институционални и лични чекори за заштита на мојата чест, углед и професионална самостојност. Претседателот на Владата изнесува неточни и понижувачки вредносни судови, имплицирајќи дека сум „медиокритет“ со „клиентелистичко-политичка матрица“, а дополнително ме поврза и со целосно измислени тврдења за изјави кои не сум ги дала, со очигледна тенденција да се доведе во прашање мојот професионален интегритет. Со цел заштита на мојот личен и професионален углед, од Претседателот на Владата писмено побарав јавно извинување и повлекување на спорните наводи. Истовремено, писмено го известив и Советот на јавни обвинители, укажувајќи дека со ваквиот јавен говор се нарушува мојата самостојност во вршењето на јавнообвинителската функција. Нагласувам дека Претседателот на Владата е и претседател и законски застапник на политичката партија која е опфатена во кривични постапки во кои јас постапувам како јавен обвинител и има јасен правен интерес од нивниот исход. Поради тоа, овие изјави ги доживувам како несоодветен притисок врз мојата работа и обид да се влијае врз моето постапување и одлучување“, најави обвинителката Ристоска.
Пред две години обвинителката Ристоска тврдеше дека Советот на јавни обвинители е извор на тргување на влијание и треба да се реформира.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата