По еднонеделната криза со водоснабдувањето, жителите на Гостивар се очекува шуте утреповторно да добијат технички исправна вода за користење. Премиерот Христијан Мицкоски информираше дека санацијата е во завршна фаза, по спроведеното хиперхлорирање на водоводната мрежа, додека паралелно продолжува истрагата за причините и одговорноста за здравствениот инцидент.
Како што подвлече Мицкоски, наместо конструктивност, опозицијата одбрала да користи неосновани обвинувања и да шири непотребна паника кај граѓаните.
Премиерот ги соопшти точно дефинираните рокови за оспособување на водоводот:
„Екипи од скопскиот водовод во Гостивар работат на хиперхлорирање на инсталацијата. Очекувам уште утре да се издаде соопштение дека водата е технички исправна за користење. Ова се санираше во рекорден рок од една недела. Мене ме чуди што опозицијата ја критикува општината и раководството кое самите го поддржуваа за време на локалните избори. Владата испорачува резултати и ќе продолжи тоа да го прави.“
Истрага на Јавното обвинителство и одговор на критиките
Во однос на лоцирањето на вината и реакциите од опозициската СДСМ, Мицкоски го истакна следниов став:
„Го следам процесот и политиките на опозицијата, но нивната политика е само да конструираат лаги и да шират хистерија. Целосната одговорност за тоа што се случи во Гостивар во моментов е лоцирана во Јавното обвинителство, кое ќе утврди каде лежи одговорноста. Иако водоводот не е наша ингеренција, ние веднаш обезбедивме вода за пиење преку донации.“
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата