logo
logo
logo

КРАЈ ЗА КАРГО ВОЗОВИТЕ НИЗ СКОПЈЕ - Од 1 септември стартува и градскиот воз

Vecer | 08.07.2026

КРАЈ ЗА КАРГО ВОЗОВИТЕ НИЗ СКОПЈЕ - Од 1 септември стартува и градскиот воз

Завршена е реконструкцијата на железничката обиколница Скопје, пруга од Драчево до Илинден со што се овозможува пренасочување на товарните возови надвор од Скопје. По оваа делница ќе се одвива исклучиво товарниот железнички сообраќај што ќе овозможи подобра организација и развој на целокупниот транспорт.

- Драго ми е што правиме тест возење на обновениот железнички коридор, практичната обиколница на Грaдот Скопје, линијата меѓу Дрaчево и Илинден,  со која што товарните возови се вадат надвор од Градот Скопје, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски кој заедно со директорот на Железници Инфраструктура Синиша Ивановски извршија увид и тест возење.

Со реализација на овој проект, според Николоски, многу се помага во заштита на животната средина и намалување на загадувањето во Скопје имајќи предвид дека товарните возови нема да влегуваат во Град Скопје.

- Ова е проект кој го работеше ЈП Железници Инфраструктура, го заврши во максимално брз рок, во моментов има тест период, за што е потребно да се направи и технички прием и очекувам за дваесетина дена карго возовите да ја користат оваа делница. Тоа ќе значи многу за заштита на животната средина и за намалување на загадувањето во Скопје од една страна, но од друга страна ќе значи побрз карго сообраќај на Коридор 10, што ќе значи повеќе бизнис и повеќе железнички композициии на македонските пруги што многу ќе приоднесе за развој на бизнисот и целокупниот транспорт, истакна Николоски.

Најави дека не подоцна од 1 септември ќе биде пуштен и Градскиот воз, односно првата линија којашто ќе оди од Зелениково преку Драчево до центарот на Скопје. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk