"Можам да зборувам во име на сите земји од Западниот Балкан — за време на унгарското претседателство со ЕУ, нас Унгарците нè сметаа не како кандидати, туку како де факто членки на Унијата.
За нас, Брисел понекогаш наликува на црна кутија, од каде што произлегуваат решенија кои многу тешко ги дешифрираме.
Меѓутоа, под унгарското претседателство, ние бевме целосно брифирани за секоја аспект на европската интеграција, унгарските иницијативи и можностите за напредок.
Тоа е вистински пример како стратегиската промисла може да биде преведена во конкретна акција." - порача Ивица Боцевски, како поранешен специјален претставник на Владата при унгарското претседателство со Советот на Европската Унија на панел-дискусијата на високо ниво при Будипештанскиот балкански форум 2025 - "Премостување на јазот: Западниот Балкан како стратегиско безбедносно сидро на ЕУ и на НАТО", организиран од Унгарскиот институт за меѓународни односи.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата